Општина Брник
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Брник ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Брник бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Брник и Ивени.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брник не претрпел територијални промени. МНО Брник тогаш припаѓал во Битолската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брник бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Маково.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Брник имал 510 жители, односно вкупното население на Брник и Ивени. Од таа бројка, 500 биле Македонци, додека 10 биле Роми.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads