Општина Маково

From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Маково
Remove ads

Општина Маково, именувана и како Месен народен одбор Маково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Маково за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.[1]

1915-1918

Општина Маково продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Прилепската Околија, Битолски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Маково продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус и Рапеш.[3][4][5]

1945-1955

Месниот народен одбор Маково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Маково, Рапеш и Орле.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково не претрпел територијални промени. МНО Маково тогаш припаѓал во Битолската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково бил проширен на сметка на укинатиот МНО Брник со селата Брник и Ивени, како и на сметка на укинатиот МНО Мусинци со селото Мојно.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Маково останала територијално непроменета.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Маково била укината, на сметка на новата Општина Мариово која ги добила селата Брник, Маково, Орле и Рапеш, на сметка на проширената Општина Новаци која го добила селото Ивени, како и на сметка на проширената Општина Тополчани која го добила селото Мојно.[10]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Маково имала 1,556 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Маково имала 1,126 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[11][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Маково имала 1,462 жители, од кои 744 биле мажи, а 688 биле жени. Општината се состоела од 264 куќи и 2646 домаќинства.[12]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Маково имал 985 жители, односно вкупното население на Маково, Орле и Рапеш. Од таа бројка, сите биле Македонци.[13]

Според пописот од 1953 година, Општина Маково имала 1,865 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле и Рапеш. Од таа бројка, 1,863 биле Македонци, додека 2 биле Срби.[14][15]

Следува табела по населени места:[16]

Повеќе информации Населено место, Домаќинства ...

Следува табела по пол и возраст:[17]

Повеќе информации Пол, Вкупно ...
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads