Општина Будимирци

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Будимирци, именувана и како Месен народен одбор Будимирци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1950 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Будимирци за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Будимирци, Груништа, Зовиќ и Петалино. Општината била дел од Мариовскиот Срез, Битолски Округ.[1] Општина Будимирци престанала да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Нејзината општинска територија припаднала на соседната и проширена Општина Старавина.[2]

Кралство СХС

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Будимирци била обновена во рамки на Мариовскиот Срез. Потоа општината била укината и нејзината територија била припоена кон проширената Општина Старавина.[3][4][5]

1945-1952

Месниот народен одбор Будимирци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Будимирци, Груништа и Петалино.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Будимирци не претрпел територијални промени, освен што неговото село Петалино го загубило статусот на населено место. МНО Будимирци тогаш припаѓал во Битолската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Будимирци бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Старавина.[8]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Будимирци имала 1,280 жители, односно вкупното население на Будимирци, Груништа, Зовиќ и Петалино.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Будимирци имала 808 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, 806 биле Срби/Хрвати, додека 2 биле Албанци.[9][б 1]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Будимирци имал 770 жители, односно вкупното население на Будимирци и Груништа. Од таа бројка, 765 биле Македонци, 3 биле Срби, додека 2 биле Црногорци.[10]

Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads