Општина Старавина

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Старавина
Remove ads

Општина Старавина — поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941, 1945-1955, и 1996-2005 година. Седиште на општината било селото Витолиште.[1]

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Витолиште за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бешиште, Градешница и Старавина. Општината била дел од Мариовскиот Срез, Битолски Округ.[2]

1915-1918

Општина Витолиште продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината била проширена со селата Будимирци, Груништа, Зовиќ и Петалино, на сметка на укинатата Општина Будимирци, и била дел од Битолската Селска Околија, Битолски Округ.[3][б 1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Витолиште продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Околу 1930 година, Општина Старавина била проширена, повторно на сметка на укинатата Општина Будинарци. По проширувањето, Општина Старавина се состоела од населените места: Будимирци, Бешиште, Градешница, Груништа, Зовиќ, Петалино и Старавина.[4][5][6]

1945-1955

Месниот народен одбор Старавина бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Брник и Старавина.[7][б 2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старавина го загубил селото Брник, на сметка на новиот МНО Брник. МНО Старавина тогаш припаѓал во Битолската Околија.[8] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старавина бил проширен со селата Будимирци и Груништа, на сметка на укинатиот МНО Будимирци, како и проширен со селото Градешница, на сметка на укинатиот МНО Градешница.[9] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Старавина останала територијално иста.[10] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Старавина била укината и нејзината општинска територија припаднала на новата Општина Мариово.[11]

1996-2004

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Старавина била обновена на сметка на намалената Општина Битола. Нејзини населени места биле Брник, Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ I, Зовиќ II, Ивени, Маково, Орле, Петалино, Рапеш и Старавина.[12] Според административната поделба од 2004 година, Општина Старавина била повторно укината на сметка на проширената Општина Новаци.[13]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Старавина имала 2,555 жители, односно вкупното население на Бешиште, Градешница и Старавина.[2]

Според пописот од 1921 година, Општина Старавина имала 1,905 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[14][б 3]

Според пописот од 1931 година, Општина Старавина имала 3,391 жители, од кои 1,801 биле мажи, а 1,590 биле жени. Општината се состоела од 655 куќи и 652 домаќинства.[15]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Старавина имал 1,004 жители, односно вкупното население на Зовиќ и Старавина. Од таа бројка, 988 биле Македонци, 9 биле Срби, 3 биле Црногорци, 3 биле Бугари, додека 1 бил неопределен муслиман.[16]

Според пописот од 1953 година, Општина Старавина имала 2,966 жители, односно вкупното население на Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[17][18]

Народност Вкупно
Македонци 2,933
Срби 13
Турци 15
Хрвати 1
Црногорци 4
Повеќе информации Населено место, Домаќинства ...
Повеќе информации Пол, Вкупно ...

Според пописот од 2002 година, Општина Старавина имала 316 жители, односно вкупното население на Брник, Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ 1, Зовиќ 2, Ивени, Маково, Орле, Петалино, Рапеш и Старавина. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 153 домаќинства и 424 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[21]

Народност Вкупно
Македонци 314
Срби 1
Турци 1
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Селото Бешиште не е споменато во изворот, но неговиот атар припаѓал во Општина Старавина.
  2. Селото Зовиќ не е споменато во изворот, но неговиот атар припаѓал во Општина Старавина.
  3. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads