Општина Горно Лисиче

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Горно Лисиче ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1948 и 1949-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Горно Лисиче бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Лисиче, Долно Лисиче, Усје.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите три населени места.[2] На 23 ноември 1948 година, МНО Горно Лисиче било укинато и неговата територија била припоена кон Градскиот народен одбор Скопје.[3] На 19 мај 1949 година, МНО Горно Лисиче повторно бил обновен и бил подреден на Народниот одбор на Вториот реон на Град Скопје.[3]

На 18 септември 1950 година, според новата административна поделба, односно според Законот за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија, Горно Лисиче како седиште на МНО Горно Лисиче, останало во Вториот реон на Град Скопје,[4] освен селата Долно Лисиче и Усје кои припаднале во Општина Драчево.[5] На 30 декември 1950 година, било издадено Решение за одредување на матични подрачја и со тоа, при Месниот народен одбор во Горно Лисиче, била отворена канцеларија за водење матични книги.[6] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Горно Лисиче бил укинат, и селото Горно Лисиче припаѓало под Општина Драчево.[7]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Горно Лисиче имал 2,505 жители, односно вкупното население на Горно Лисиче, Долно Лисиче, Усје.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]

Народност Вкупно
Македонци 2,142
Албанци 173
Турци 50
Роми 82
Власи 0
Срби 29
Непределени муслимани 3
Хрвати 21
Црногорци 3
Бугари 1
Унгарци 1

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads