Општина Драчево
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Драчево, именувана и како Месен народен одбор Драчево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1965 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Драчево за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Драчево продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[2][3][4]
1945-1965
Месниот народен одбор Драчево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место биле Драчево.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драчево бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Батинци со неговото село Батинци.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драчево бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Горно Лисиче со неговите села Долно Лисиче и Усје.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Драчево била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Студеничани со неговите села Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани, и укинатиот Месен народен одбор Горно Лисиче со неговото село Горно Лисиче. Истовремено, Општина Драчево го изгубила селото Усје кое припаднало на Општина Ракотинци.[8] Согласно административната поделба од 1955 година, од Општина Драчево било одземено населеното место Горно Лисиче кое припаднало на Општина Кисела Вода. Истовремено, Општина Драчево била проширена кон исток бидејќи Општина Зелениково била укината и нејзините села Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор, Тисовица. Тогаш, Општина Драчево била проширена и со територијата на укинатата Општина Горно Количани со нејзините населени места Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Калдирец, Пагаруша и Црвена Вода.[9] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Драчево била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Кисела Вода.[10]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Држилово имала 4,944 жители, односно вкупното население на Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Драчево имала 4,716 жители. Таа се состоела од населените места: Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани. Според верската припадност, 2,321 биле православни, додека 2,395 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,330 биле Срби/Хрвати, 285 биле Албанци, 1,956 биле Турци, додека 145 биле останато и непознато.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Драчево имала 6,392 жители, од кои 3,256 биле мажи, а 3,136 биле жени. Општината се состоела од 804 куќи и 842 домаќинства во селата Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Драчево имал 3,298 жители, односно вкупното население на Драчево и Батинци.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[13]
Народност | Вкупно |
Македонци | 2,991 |
Албанци | 58 |
Турци | 139 |
Роми | 87 |
Срби | 14 |
Хрвати | 2 |
Словенци | 2 |
Црногорци | 1 |
Неопределени Југословени | 4 |
Останати и непознато | 4 |
Според пописот од 1953 година, Општина Драчево имала 9,466 жители, односно вкупното население на Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Морани, Рамни Габер и Студеничани.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[14][15]
Народност | Вкупно |
Македонци | 5,025 |
Албанци | 3,028 |
Турци | 1,004 |
Роми | 258 |
Срби | 104 |
Хрвати | 16 |
Црногорци | 3 |
Неопределени Југословени | 22 |
Останати Словени | 2 |
Останати несловени | 4 |
Според пописот од 1961 година, Општина Драчево имала 16,061 жител, односно вкупното население на Алдинци, Батинци, Вражале, Вртекица, Горно Количани, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Долно Количани, Долно Лисиче, Драчевица, Драчево, Зелениково, Калдирец, Морани, Ново Село, Орешани, Пагаруша, Палиград, Пакошево, Рамни Габер, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Студеничани, Таор, Тисовица и Црвена Вода.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[16]
Народност | Вкупно |
Македонци | 5,929 |
Албанци | 4,446 |
Роми | 212 |
Срби | 157 |
Муслимани | 66 |
Хрвати | 3 |
Црногорци | 5 |
Унгарци | 2 |
Југословени | 4 |
Останати | 5,237 |
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads