Општина Казандол
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Казандол ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Казандол бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Казандол.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Казандол останал територијално непроменет.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Казандол бил укинат на сметка на соседната и обновена Општина Дедели.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Казандол имал 1,075 жители, односно вкупното население на Казандол. Од таа бројка, 1,074 биле Турци, додека 1 бил Македонец.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads