Казандол
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Казандол — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Remove ads
Потекло и значење на името

Името потекнува од два турски збора: Кизил и доган (Kizildogan), кизил со значење црвен, црвеникав, румен, додека вториот збор дол-долу, што значи полно, многу го има, во изобилство. Се мисли на бакарната руда што ја има околу селото.
Втората везија исто така потекнува од два турски збора: Кизил - (црвен, црвеникав, румен), доган - (орел, еден вид граблива птица).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 8 километри.[2]
Селото Казандол се наоѓа во областа Бојмија, сместено на едно од голите ритчиња што ги има околу селото.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1401, пред неговото спојување со регионалниот пат 1105.
Remove ads
Историја

Подрачјето на Казандол е населено барем од римското време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето „Казандолска Река“.[3]
Стопанство
Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 18,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.194 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 308 хектари, додека на пасиштата 301 хектар.[2]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во него работат услужни објекти.[2]
Во близина на селото се наоѓа напуштениот рудник „Казандол“, чија понатамошна изградба била спречена со локалниот референдум.[4]
Remove ads
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 215 домаќинства со 440 жители муслимани.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Казандол живееле 920 жители, сите Турци.[6]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Казандол имало 849 жители, сите Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 900 Турци.[8]
До 1953 година, Казандол било големо село, но потоа се случило масовно иселување на турското население во Турција. Од Казандол се иселило една третина од населението, бидејќи во 1961 година броело 409 жители, од кои 399 биле Турци, четворица Албанци и шест жители други, а во 1994 година 152 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Казандол имало 147 жители, сите Турци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 182 жители, од кои 1 Албанец, 167 Турци, 1 Бошњак и 13 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Цветан Димов“, подрачно основно училиште во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово[15]
- Новото училиште
- Старото училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Казандол било целосно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дедели, во која покрај селото Дедели се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Казандол, во кое селото Казандол било единствено село.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0302 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 128 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 132 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Казандолска Река — населба од римското време; и
- Мандара Чешма — утврдена средновековна населба.
- Џамии[19]
- Џамија — главна селска џамија
- Реки
- Казандолска Река — река во близина на селото, притока на Анска Река
Галерија
- Селската чешма
- Селската џамија
- Селската чешма
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads