Општина Крушевица

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Крушевица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Крушевица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негово составно населено место било селото Крушевица.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Крушевица останал територијално непроменет. МНО Крушевица тогаш припаѓал во Прилепската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Крушевица го добил селото Чаниште, на сметка на укинатиот МНО Чаниште.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Крушевица бил укинат на сметка на проширената Општина Дуње.[4]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Крушевица имал 594 жители, односно вкупното население на селото Крушевица. Од таа бројка, 583 биле Македонци, 9 биле Роми, 1 бил неопределен муслиман, додека 1 бил Русин.[5]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads