Општина Умово
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Умово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Умово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Умово.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, и бил проширен со селото Цветово, на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Цветово.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Умово бил укинат на сметка на соседниот Месен народен одбор Цветово.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Умово имал 1,689 жители, односно вкупното население на Умово и Цветово. Од 1,689 жители, 1,609 биле Македонци, 21 биле Албанци, додека 59 биле Турци.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads