Општина Цветово
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Цветово, именувана и како Месен народен одбор Цветово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 и 1950-1955 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Цветово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Малчиште, Цветово и Црн Врв.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил намален на сметка на соседната и проширена Месен народен одбор Умово кој го добил селото Цветово, и новиот Месен народен одбор Сушица кој ги добил селата Малчиште и Црн Врв.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил обновен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговите села Малчиште и Црн Врв, и соседниот и укинат Месен народен одбор Умово со неговите села Умово и Цветово.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Цветово била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Елово.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Цветово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.[5]
Remove ads
Население
Според пописот од 1953 година, Општина Цветово имала 3,704 жители, односно вкупното население на Елово, Малчиште, Умово, Цветово и Црн Врв.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[6][7]
Народност | Вкупно |
Македонци | 272 |
Албанци | 506 |
Турци | 2,902 |
Роми | 6 |
Срби | 1 |
Неопределени Југословени | 17 |
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads