Ораовица (Прешево)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ораовица (Прешево)map
Remove ads

Ораовицанаселено место во општината Прешево, Србија, во Пчињскиот Округ.

Кратки факти Ораовица, Земја ...

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на надморска висина од 445 метри и е од збиен тип. Низ него портекува Ораовичка Река, при што го разделува селото на два дела. Има четири маала: Хаџиско, Муртеско, Чатачиско и Сејдијеско.

Историја

Селото е старо. Тоа се гледа по сочуваните домородни фамилии и цркви. Селото порано се наоѓало малце посеверно од денешното, кај месноста киша. Таму имало и манастир посветен на Свети Петар. Сочувана е црквата Свети Никола, која била вкопана 2 метри во земја, а исто така имало и црква во Чатачиското маало, за која нема траг денес.[1]

Во XIX век, селото е дел од Прешевската Каза на Приштинскиот Санџак.

По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија.

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година селото има 1.259 жители и било дел од општина Прешево.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.350 Албанци, 100 Роми и 100 Срби.[3]

  • Православни родови: Станковци, Миленковци, Тасини, сите староседелци. Стојилковци, Љубини, Стаменкови и Стошини доселени од Пчиња, Ивковци доселени од Врање, Стојановци од Коќура, Илинци од Шапранце.
  • Исламизирани родови: Потурај и Читакај, двата се домородни.
  • Муслимански родови: од фисот Соп: Абдулај; за Блута и Дошљакај не се знае од кој фис се; Кишај, Трстен се од фисот Тсач; Бељуљај, Аљиљај, Салијај, Фетај, Абдиљај, Аметај, Сабединај, Бељуљај, Хускај, Мочај, Чотај, Корбај, Ибишај, Јакупови се од фишот Гаш; Крумај се од фисот Бериш; Дукај се од Красниќ; Маличови, Маљокај, Фејзулови се мухаџири од Масурице; Јусуфови дошле од село Господинце; Исенови дошле од селото Лошо Букуровце; Беќирови и Качик дошле од Горна Морава; Абдулови се огранок на родот Абазови.
  • По 1912 година 10 муслимански семејства се иселиле во Куманово, две во Турција, едно во Жуинце и едно во кумановско Черкези.
Повеќе информации Година ...

Според пописот од 2022 година, селото имало 4.181 жители, со густина на населеност од 17.35/км2. 50.3% биле мажи, 49.7% биле жени.[4]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads