Черкези (село)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Черкези — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено 4 километри западно од Куманово.
Историја
Местото е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта на североисточниот крај на селото.[2]
Во времето на Отоманското Царство селото е познато под името Черкез Ќој.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Черкези живееле 120 жители, сите Черкези.[3]
За време на Балканските војни, Черкезите се иселуваат, а во 1916 година во селото живееле 4 Албанци и 1 Бошњак.[4]
Remove ads
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Черкези живееле 120 жители, сите Черкези.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3.741 жител, од кои: 2 Македонци, 3.719 Албанци, 4 Бошњаци и 16 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.137 жители, од кои 3 Македонци, 3.027 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 1 Бошњак, 1 останат и 99 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Родови
Черкези е албанско село, а порано било черкеско.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
- Исаки (7 к.) и Раман (7 к.) доселени се од селото Брест. Исљами (6 к.) доселени се од селото Алашевце. Двата рода се доселени После Првата светска војна.
- Маѓерци (10 к.) доселени се од селото Маѓерци кај Прешево. Гарани (6 к.) доселени се од селото Гари кај Прешево. Букурчани (6 к.) доселени се од селото Букурце кај Прешево. Самоличани (4 к.) доселени се од селото Самолице кај Прешево. Бугаринци (5 к.) доселени се од селото Славујевци (порано Бугариње) кај Прешево. Овие родови се доселени од 1955 до 1960 година.
- Изворчани (4 к.) доселени се од селото Извор. Гошинчанци (4 к.) доселени се од селото Гошинце. Брестјани (3 к.) доселени се од селото Брест. Белановчани (3 к.) доселени се од селото Белановце. Руѓинчанци (2 к.) доселени се од селото Руѓинце. Глажњани (2 к.) доселени се од селото Глажња.[10]
Remove ads
Општествени установи
- ОУ „Јероним Дерада“ — основно училиште
- Џамија
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Гробишта — населба од средниот век
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads