Ореовечка Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ореовечка Река — река во Прилепско. Реката извира над селото Ореовец, по кое и го добила името, и се влева во Прилепското Езеро.[1]
Пред 1967 година, кога било изградено Прилепското Езеро, Ореовечка Река течела низ градот Прилеп заедно со Дабничка и Селечка Река. Тие ја сочинувале Прилепска Река (се среќава и како Градска Река), која јужно од градот, преку Блато (Дебрешка Река), се влива во Црна Река под селото Тројкрсти.
Remove ads

За време на големите поплави во Македонија во ноември 1962 година е забележано дека Ореовечка Река надошла и ги однела двата дрвени моста во подрачјето на Табана. Во ова подрачје била загрозена и една приватна куќа, поради лизгање на земјиштето на левиот речен брег. Реката довлекла дрвја и неколку грла стока. Големи површини на Прилепското Поле се нашле под вода.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads