Ореовец (Прилепско)
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ореовец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Се наоѓа во северниот дел на општината, лево од патот Прилеп-Скопје.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа источно од Прилепското Езеро, а 5 километри северозападно од Прилеп (воздушна линија), на висорамнина помеѓу три планини, како и на 1 километар од патот Прилеп - Скопје. Близу селото поминува Ореовечката Река која е една од притоките на Прилепска Река. Близу селото има повеќе помали пештери, од кои најголема и најпозната е Ореовечката до која има поставено повеќе знаци и маркери на карпите кои водат до неа. Селото е ридско, на надморска височина од 780 метри.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Ореовец е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Пештерица на околу 2 км југозападно од селото.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Раховец и имало 34 семејства и 3 вдовици.[3]
Во XIX век, Ореовец било наполно македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Remove ads
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ореовец живееле 505 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ореовец имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореовец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 57 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Ореовец е село со значителна емиграција на населението поради што тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 16 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Ореовец живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Ореовец е македонско православно село, во селото има староседелски родови и доселенички.
Родови во Ореовец се:
Староседелски родови: Стојановци (10 куќи), Симоновци (7 куќи), Брмбевци (4 куќи) и Зеленковци (4 куќи). Еден дел од Симоновци се викаат Ацевци, од кои се произлезени многу комити и партизани, борци за слободата на Македонија;
Доселеници: Богоевци (7 куќи), Пашовци (5 куќи), Гуцевци (4 куќи), Басмовци (2 куќи) и Ветаковци (2 куќи) доселени се, но не знаат од каде; Адамовци (9 куќи) доселени се од некое место во Албанија; Тапановци (8 куќи) доселени се од Дебарско.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1424 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитсти
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ од 1874 г.
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Далов Гроб — некропола од римско време
- Леково — депо на монети од римско време
- Лозја — некропола од римско време
- Ореовечка Река — населба од римско време
- Пештерица — населба од неолитско и римско време
- Црквиште — населба од доцноантичко време
Редовни настани
Ореовец е постојано одредиште на училишни екскурзии и кампувања особено во пролет и есен. Исто така е многу популарно одредиште за време на 2 мај.
Личности
- Марко Цепенков најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците.
- Петар Ацев, војвода од илинденскиот период
- Мирче Ацев, војвода од илинденскиот период
- Ѓорѓи Ацев, војвода од илинденскиот период
- Мирче Ацев, македонски револуционер, Народен херој на Македонија, од втората светска војна, внук на илинденскиот војвода Мирче Ацев.
- Вера Ацева - Доста, учесник во НОБ и народен херој.
- Киро Ацески и Зора Ацеска - месни жители од 1892-1947 (поседувале 2 куќи од кои едната е сега рушевина а другата е вила, помогнале да се изгради локалната црква.)
- Пере Јосифов Наумоски, македонски револуционер, илинденец.[16]
- Никола Сотиров Василески, македонски револуционер, илинденец.[17]
Remove ads
Иселеништво
Преселувањето е извршено најмасовно во втората половина на XX век и тоа во правец кон Прилеп.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads