Прилепско Поле

поле и област во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Прилепско Поле
Remove ads

Прилепско Поле — историско-географска и етнографска област на Македонија со центар во градот Прилеп.

Thumb
Карта на Прилепско Поле со поголемите населени места

Географија

Јака од женска кошула, везен со аловна, црна, модра и зелена волна. Техника „грабено“. с. Секирци, Прилепско Поле, почеток на XX век

Прилепското Поле се наоѓа во северниот дел на Пелагонија. Оградено е со планините: Бушева Планина на запад, Даутица и Бабуна на север и Селечка Планина на исток, а на југ со Тополчанската Греда е одвоено од Битолско Поле. Зафаќа површина од 943,8 км2. Територијата на Прилепско Поле ја опфаќаат четири општини: Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево.

Remove ads

Населени места

Некои села кои постоеле во минатото денес се исчезнати, како: Пештерица, Писокал, Заград и др.

Старост на селата

Многу словенски села во Прилепско Поле се формирани во VI и VII век, меѓутоа нема пишани податоци за овие села. Првите пишани податоци за селата во Прилепско потекнуваат дури од првата половина на XIV век, кога се споменуваат селата: Бела Црква, Галичани, Дабница, Дреновци, Маргари, Небрегово, Обршани, Присад, Чепигово. Тоа не значи дека не постоеле други населби во овој период. Нивниот број бил многу поголем, меѓутоа нема пишани податоци за нив или тие не се зачувани.

Најмлади населби формирани во периодот од XIX и XX век се селата: Шелеверци, Ново Лагово, Славеј и Мирче Ацев.

Remove ads

Население

Thumb
Кривогаштани е едно од најстарите и најголеми македонски села во Прилепско Поле

Во Прилепско Поле живеат според пописот од 2002 година живеат 96.589 жители. За разлика од минатото кога поголемиот дел луѓе живееле во селата, денес најголем дел живеат во градот Прилеп (68,5 %). Според етничка структура најголемиот дел од жителите се Македонци, но има и Роми, Албанци, Турци, Бошњаци и др.

Најголемиот број на Турците во Прилепско потекнуваат од доселеници од крајот на XVIII век. Најголемо село во кое живеат е Канатларци. Ова и останатите турски села кои се наоѓаат во негова близина се протегаат во правец исток-запад при што ги одделуваат Прилепско од Битолско Поле. Ваквата местоположба во минатото доведувала до намалување на меѓусебните влијанија на Македонците од Прилепско и Битолско.

Бошњаците се скорешни доселеници во Прилепско. Се доселиле од Санџак и ја купувале земјата на постари муслимани кои од 1954 се иселиле во Турција. Живеат во мешани села: Житоше, Десово, Јакреново (со Албанци) Канатларци (со Турци), Лажани, Локвени (со Македонци) .

Албанците во Прилепско Поле се застапени во селата: Црнилиште, Житоше, Пресил, Гостиражни, Алданци, Белушино и Норово.

Стопанство

Земјоделство

Thumb
Нива со тутун во близина на Прилеп

Главна култура која се одгледува во полето е тутунот. Тоа е најголемиот производител на тутун во Македонија и на Балканот. Во 2011 година во Прилепско Поле биле произведени 7.321 тон тутун,[1] што претставува 28% од вкупното количество тутун произведено во Македонија.

Други култури кои се позастапени се: пиперки, пченица, јачмен, кромид, бостан, лук и др.

Повеќе информации Земјоделска култура, Произведено количество (во тони) ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads