Ореовица

село во Гевгелиско, денес во Кукушкиот округ, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ореовица или Ореховица (грчки: Πευκοδάσος, Певкодасос, до 1927 година Ορέβιστα, Оревиста) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција. Населението брои 448 жители (2021).

Кратки факти Ореовица Πευκοδάσος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено на пет километри северно од Ругуновец и околу 61 километар северозападно од Солун, крај самиот лев брег на реката Вардар[2]. Ореовица е расположена на надморска височина од 150 метри[2]. Тоа претставувало самостојна општина со вкупна површина на општинскиот атар од 14 км2[2].

Историја

Кон крајот на XIX век, во селото во 1895 - 1896 година е основан комитет на ВМОРО. Во минатото, селото Ореовица било мешана населба во која живеело македонско и турско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 230 Македонци и 490 Турци, Бранков бројот на Македонците го качува на 256, додека Милоевиќ ја регистрира со 35 македонски и 30 турски куќи[2]. Како последица на настаните од Првата светска војна во 1914 голем број Македонци се иселиле во Бугарија, а преостанатите жители Турци во 1924 година, по сила на Лозанската конвенција се иселиле во Турција, а на нивно место властите населиле бегалски семејства од Понд[2].

Remove ads

Стопанство

Основните производи на селото се памукот и пченицата, додека сточарството е слабо развиено[3].

Население

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано со 502 жители, додека во 1920 година само со 45 жители[3]. Со населувањето на бегалски семејства од Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 354, во 1940 се искачува на 790, во 1951 благо опаднал на 711, во 1961 повторно пораснал на 782, за да опадне во 1971 на 475, во 1981 на 609, а во 1991 да опадне на 569 жители[3].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Иселеништво

Под притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени македонските семејства, а во турските во Турција.

Знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads