Орловица (Ракотинци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Орловицаархеолошко наоѓалиште во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време, што сведочи за мошне раната населеност на ова место. Јован Трифуноски забележал предание меѓу месното население, во кое постои сеќавање дека на ова место постоел „град“ (градиште).[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Се наоѓа на 2,5 км југоисточно од Ракотинци и на 2 км источно од с. Добри Дол, на самата атарска граница помеѓу овие две села. Лежи на мала висорамнина образувана на миоценско седло.[2]

Наоди

На површина од околу 2 ха се пронајдени многубројни остатоци од керамика, камен, коска и куќен лепеж. По површината на плитко ораните ниви преовладуваат остатоци од бронзеното и железното време, додека кај подлабоко ораните ниви се забележува конгломерација на наоди од неолитското време.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads