Ортаќој (Кожанско)
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ортаќој или Орта Ќој (грчки: Πλατανόρρευμα, Платаноревма; до 1928 г. Ορτά Κιόι, Орта Ќој[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 864 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во мала котлина во подножјето на Пиериските Планини, на 3 км североисточно од гратчето Серфиџе и околу 7 км југозападно од Велвендо, на надморска височина од 485 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Ортаќој било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пано Ортаќој е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 10 куќи, Като Ортаќој со 11 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Долно (Като) и Горно (Ано) Ортаќој (Ορτάκιοϊ Κάτω και Άνω) живееле 150 Грци христијани.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 144 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 115 лица.[3]
Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населило 1 семејство (вкупно 5 бегалци), кои се погрешно заведени како вкупното селско население во пописот од 1928 г.[3][6] Во 1928 година, името на селото било променето во Платаноревма (Πλατανόρρευμα).[2]
По крајот на Втората светска војна во Ортаќој се доведени семејства од планинското село Мацкохори, поради што населението се накачило на 1.161 жител во 1951 г., а 1.359 жители во 1961 г.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри.[3] Општината Ортаќој била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ортаќој, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Родени во Ортаќој
- Георгиос Папастамос (р. 1955) — грчки политичар во редовите на Нова демократија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads