Орхус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орхус (дански: Aarhus; шведски: Århus) е втор град по големина во Данска и најголем во копнениот дел на државата, на полуостровот Јитланд. Па затоа и градот се нарекува „престолнината на Јитланд“. Градот е најголем град на регионот Среден Јитланд, каде со околните населби ja сочинуваат Општина Орхус. Орхус е главно и многу важно стопанско, културно и политичко средиште на Данска со високоценетиот Универзитет Орхус.
Remove ads
Природни услови
Орхус се наоѓа во Среден Јитланд. Од главниот град, Копенхаген, оддалечен е 300 км западно.
Релјеф
Орхус се наоѓа на источниот брег на данскиот полуостров Јитланд. Градот е сместен на дното на истоимениот Орхуски Залив. Подрачјето на градот е доста ридесто, за условите на Данска, а во близина на градот се наоѓаат и највисоките планини во државата. Па според тоа, надморската височина на градот оди од 0 до 60 м.
Клима
Климата во Орхус е умереноконтинентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Вода
Орхус се развил како морски центар на дното на истоимениот Орхуски Залив, кој претставува дел од Категат, еден од поголемите заливи на Северното Море. Поголемиот дел од градското крајбрежје денес претставува еден од поголемите центри во Данска.
Remove ads
Историја
Првите траги на населеност на денешниот град Орхус се јавуваат околу 75 година. Епископијата на самото место е основана во 951. година, што претставува важен настан за населбата. Наскоро, тука се јавил значаен град, кој поради својата поволна местоположба станал значајно трговиште во следните неколку векови.
Во 17. век се доселила и привредната криза, а подоцна, окупација на градот од страна на Шведска. Ова многу го нарушило угледот на градот. Новиот подем Орхус го дожиевал во втората половина на 19. век, кога доаѓа до индустријализација, па затоа дошло и до нагло нарастување на бројот на населението.
И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Орхус и неговото население не претрпеле премногу страдања.
Remove ads
Население
Денес Орхус има околу 250.000 жители во градските граници, што е 3,5 пати повеќе од претходниот век. Градот заедно со околните населени места има вкупно 310.000 жители. Метрополитенското подрачје има околу 1,2 милиони жители.[2][3][4]
Етнички состав
Населението на Орхус до пред неколку децении било претежно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројните доселеници од странските држави го измениле составот на населението. Така денес во Орхус има над 11% население родено во странство, а тоа е повеќе од просекот на државата.
Стопанство
Стопанството на Орхус посебно се наслонува на големиот градски центар, еден од најголемите во Европа и најголем во Данска. Опкружувањето на Орхус е многу развиено земјоделско подрачје, па во градот и околината е развиена прехранбена индустрија. Позната е и градската пиварница „Церес.“
Знаменитостите на градот
Орхус има сочувано старо градско јадро во скандинавски дух, со неколку плоштади, многу цркви и многу палати и градски градби. Од нив најпознати се:
- Орхускиот соборен храм, најдолгата црква во Данска
- Градската куќа, современа градба на архитектот Арне Јакобенс
- Градско читалиште
- Главната градба на Орхускиот универзитет
- Градскиот театар
- Музеј на уметноста
Една од најголемите турискички одлики е Стариот град (дан. Den Gamle By), кој имено не е стар дел на градот, туку збир од стари згради направени по пример на зградите од данската историја, кои се наоѓаат ширум земјата.

Remove ads
Галерија
- Градсиот соборен храм
- Музејотна уметноста
- Градскиот театар
- Градската куќа на Орхус
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads