Левица (политичка партија)

политичка партија во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Левица (политичка партија)
Remove ads

Левицамакедонска политичка партија со левичарска ориентација. Основните заложби ѝ се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето.

Thumb
Старо лого на Левица

Иницијативата за формирање на Левица потекнала од членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на левичарското движење „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари. Левица има колективно претседателство, Президиум, составен од седум членови со императивен мандат.[1] Регистрирана е на 25 февруари 2016 година, а иницијативата за формирање на партијата била објавена на 14 ноември 2015 година.[2]

На парламентарните избори во 2016 година партијата настапила самостојно освојуваќи околу 12.000 гласови односно 1% од вкупните гласови. Левица на локалните избори во 2017 година, освоиле 3 советнички места.

Левица ја поддржала Шарената револуција, започната по аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, и зела активно учество во истите. На двајца членови на Левица, еден од нив дел од Президиумот, им била одредена мерка куќен притвор заради учество на протестите.[3]

На парламентарните избори во 2020 година Левица настапила самостојно освојувајќи 37.426 гласови односно 4,10% од вкупните гласови или 2 пратеници, проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

На локалните избори во 2021 година Левица настапила самостојно освојувајќи 50.181 гласови односно 49 членови во општинските совети во Република Македонија.

За претседателските избори во 2024 година Левица учествуваше со проф. д-р Билјана Ванковска за Претседател на Република Македонија, кој освои 41.172 односно 4.55% од гласовите.

Remove ads

Изборни резултати

Повеќе информации Година, Број на гласови ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads