Орчуша

село во Гора From Wikipedia, the free encyclopedia

Орчуша
Remove ads

Орчуша (албански: Orqushë или Orqusha; српски: Орчуша) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 93 жители (2024), сочинето од Горанци.

Кратки факти Орчуша Orqushẽ, Држава ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Гора, на десната страна од реката Плава, високо на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Албанија, на која се наоѓа граничниот премин Оргоста-Орчуша.

Историја

Селото Орчуша се споменува како селиште под името ωрчюша̀ во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен.[2]

По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Орчуша (О̀рчуша) било македонско село со 64 куќи.[3]

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Орчуша (Орчища) било село со 80 куќи на Македонци-муслимани.[4]

Ова село го носи истиот ојконим како мавровско-ростушкото село Орќуше во Македонија, но малку поинаква дијалектна варијанта.

Remove ads

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 јужнословенски муслимани (Горанци).[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...

Културни и природни знаменитости

Џамии

  • Џамија — главна селска џамија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads