Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2020

From Wikipedia, the free encyclopedia

Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2020
Remove ads

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2020 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медали. Игрите се одржале во Токио од 23 јули до 8 август 2021 година, а медали биле доделени во 339 натпреварувања во 33 спортови.

Thumb
Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2020.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Thumb
Карта на светот на којаѓто се обележани земјите по вкупниот број на освоени медали на Летните олимписки игри 2020.

Бермуда,[1] Филипините[2] и Катар[3] за првпат освоиле златен медал, а Буркина Фасо,[4] Сан Марино[5] и Туркменистан[6] ги освоиле првите олимписки медали воопшто. Покрај тоа, Македонија за првпат освоила сребрен медал откако претходно има освоено само еден бронзен медал.[7]

Remove ads

Медали

Дизајнот за олимписките медали на Летните олимписки игри во 2020 година бил создаден од страна на Јуничи Каваниши. Медалите се произведени со употреба на рециклиран метал извлечен од мали електронски уреди донирани од јавноста. Лентата на медалите е изработена со традиционални јапонски мотиви коишто се среќаваат во „ичиматсу мојо“ и била усогласена со карирани обрасци и традиционалната техника за изработка на слоевите од кимоно „касане но ироме“ во современ облик. Медалите се произведени од јапонско пепелаво дрво обоено во иста боја како олимпискиот амблем.

Remove ads

Список по земји

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Два златни медали биле доделени за делбата на првото место во машкиот скок во височина. Како последица на тоа не бил доделен сребрен медал.[8]

Во бокс (13 натпреварувања), борење (18), карате (8), теквондо (8) и џудо (15) биле доделени по два бронзени медали во секое натпреварување или вкупно 62 бронзени медали повеќе. Исто така, два бронзени медали биле доделени за делбата на третото место во женскиот натпревар на партер во гимнастика и со тоа биле доделени вкупно 63 дополнителни бронзени медали.

  *   земја домаќин (Јапонија)

Повеќе информации Место, НОК ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads