Олимписки медал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Олимписки медал
Remove ads

Олимписки медал — награда доделена на успешнитет натпреварувачи на Олимписките игри. Постојат три вида на медали: златни, кои се доделуваат на бедниците, сребрени, дделени на оние кои се зад победникот и бронзени, доделени на оние кои се втори зад победникот. Доделувањето на наградите подетално е опишано во олимписките протоколи.

Кратки факти Олимписки медал ...

Изгледот на медалите се менувал значајно од првите олимиски игри во 1896 година, особено во големината и тежината. Се користел стандарден изглед за предната страна на медалите за Летните олимписки игри од игрите во 1928 година и останал во употреба многу години, сè додека не бил заменет на игрите во 2004 година како резултат на спортот порврзан со употребата на римскиот Колосеум наместо на градба која би ги претставувала старогрчките корени. Медалите на Зимските олимписки игри никогаш немале карактеристичен изглед, но на истите секогаш имало снегулки.

Како дополнение и поддршка за своите спортисти, некои земји обезбедуваат парични награди и подароци на освојувачите на медали, во зависност од видот и бројот на освоени медали.

Remove ads

Воведување и првични награди

Маслиново венче било награда за победниците на Старите олимписки игри. Стануало збор за маслиново гранче, од дива маслинка која растела во Олимпија,[1] испреплетено за да образува круг или пак потковица. Според Павсиниј бил воведен од страна на Херкул како награда за победникот во трчање во чест на Зевс.[2]

Кога започнале современте Олимписки игри во 1896 година ти им биле доделувани на успешните натпреварувачи. Сепак, златните медали не биле доделувани на првите игри во 1896 во Атина, Грција.[3] На победниците им бил доделуван сребрен медал и маслиново гранче,[4] Додека пак маратонците добивале ловорово гранче и бакарен или бронзен медал.[5] Во 1900 година, повеќето победници добиле чаши или пак трофеи наместо медали.

Традицијата на доделуање на златен, сребрен и бронзен медал за првите три места на игрите во 1904 година во Сент Луис, Мисури во САД. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им доделин ретроактивно златни, сребрени и бронзени медали на побениците на игрите на секој настан од игрите во 1896 и 1900 година.[6][7] Доколку има повеќе добитници на ист медал сите тие се наградуваат со соодветниот медал според правилата на МОК.[8]

Медалите не се само награди кои се доделуваат на натпреваруачите, секој спортист кој ќе се натпреваува и иде меѓу првите осумина се стекнува и со олимписка диплома. Исто така на стадионот на кој се одржуваат игрите, имињата на сите добитници на медали се напишани на ѕидовите.[8] Finally, as noted below, all athletes receive a participation medal and diploma.

Remove ads

Производство и изглед

Thumb
Збирка на медали освоени од страна на полски спортисти, во Музејот за спорт и туризам во Варшава

MOK ги диктира физичките својства на медалите и ја има конечната одлука за нивниот конечен изглед. Изгледот на медалите е развиен заедно со Националниот олимписки комитет (НОК) кој е домаќин на игрите, но сепак МОК има донесено одреден збир на правила:[8][9]

  • Добитници: првите тројца натпреварувачи добиваат медал
  • Облик: вообичаено кружен, на кој има држалка за синџир или пак трака
  • Пречник: минимум 60 мм
  • Дебелина: минимум 3 мм
  • Материјал:
    • Прво место: составен од сребро со чистота .925, позлатен со 6 грама злато.
    • Второ место: сребро со чистота .925.[10]
    • Трето место: се состои од бакар со додатоци на калај и цинк (вреди приближно $3).[11]
  • Детаки за спортот: спортот за кој е освоен медалот треба да е запишан на медалот

Првите олимписки медали во 1896 година бил осмислен од францускиот вајар Жил-Клемент Чаплин на кој бил претставен Зевс кој ја држи Ника, старогрчката божица на победата, на предната страна и Акрополис на задната страна.[3] Тие биле изработени во Париската ковачница кои исто така ги направиле медалите за игрите во 1900 година кои биле одржани во Париз. Со ова започнала традицијата задолжението за ковањето на медалите да биде на градот домаќин. За наредните неколку олимпијади домаќините имале можност да го изберат изгледот на медалот.

Трионфо

Thumb
Бронзен медал од 1980 година на кој може да се види Касиолиевиот преден дизајн.

Во 1923 година МОК спровел натпревар за вајарите да го осмислат изгледот на медалите за Летните олимписки игри. Замислата на Џузепе Касиоли наречена Трионфо бил избран за победник во 1928 година.[3][12][13] На предната страна повторно ја имало божицата Ника но овојпат во преден план, држејќи ја победничката круна и палма со приказ на Колосеумот во позадина.[12] Во десниот горен дел на медалотбил оставен за името на олимпискиот домаќин и бројот на игрите. На задната страна е претставена толпа од луѓе кои го носат на раце освојувачот. Неговиот победнички изглед бил првпат презентиран на игрите во 1928 година во Амстердам. Овој изглед се одржал во наредните 40 години сè до игрите во 1972 година во Минхен биле првите игри на кои бил употребен поинаков изглед на задната страна на медалот.[3]

Касиолиевиот изглед продолжил да опстојува на предната страна на медалот уште подолг период, со тоа што бил призведуван за секои игри, со различен олимписки домаќин и број на игри. Предната страна го зачувала својот изглед Трионфо сè до игрите во 1992 година во Барселона, Шпанија, кога МОК одобриле поинаков изглед. За наредните неколку настани тие дозволиле употреба на мотивот со Ника, но дозволиле други измени.[9] Трендот завршил во 2004 година поради негативниот публицитет поврзан со изгледот на медалот за игрите во 2000 година во Сиднеј. Војќех Питраник, осмислувачот на медалот, заедно со организаторите на игрите биле критикувани од страна на грчкиот печат за употребата на римскиот Колосеум наместо на грчкиот Партенон.[3][14] Првичната замисла на Питераник била да бидат прикажана Сиднејската опера на предната страна но МОК сметале дека треба да биде заменета со Колосеумот и возач на двоколка. Тој ги спровел измените и покрај критиките, Сиднејскиот комитет за организација на игрите продолжил да го употребува изгледот на медалот,бидејќи немало време да се изведе нова замисла а и истата би била доста скапа.[9] Оваа грешка опстојувала 76 години сè додека новиот изглед не го прикажувал Панатенаико бил воведен на игрите во 2004 игри во Атина.[15] Овој нов изглед ќе продолжи да се користи сè до 2008 и 2012 година.

Пединечни задни изгледи

Германскиот олимписки комитет, Германскиот национален олимписки комитет, биле првите организирачи на Летните олимписки игри кој извршиле промена на задната страна на медалот. Замислата за игрите во 1972 година на Герхард Маркс, уметник од Баухаус, ги прикажувала митолошките близнаци Кастор и Полукс.[16] Оттогаш изгледот на задната страна на медалот била оставена на организаторот на игрите, но сепак конечната одлука ја имал МОК.

Споредба меѓу летните и зимските медали

МОК ја има конечната одлука за изгледот на сите олимписки медали, вклучувајќи ги тука Летните олимписки игри, Зимските олимписки игри и Параолимписките игри. За Зимските олимписки игри има поголема разноликост во дизајнот, за разлика од Летните олимписки игри, МОК никогаш нема осмислено нов изглед. Медалот на првите Зимските олимписки игри 1924 година во Шамони, Франција не ги ни прикажувале Олимписките прстени. Ника била прикажана на медалите во 1932 и 1936 година и се појавила само на еден изглед на медалите оттогаш. Еден постојан мотив е употребата на снегулката, додека пак ловеровите листови и круната се појавуваат на неколку изгледи на металите. Олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус го има на четири медали од Зимските олимписки игри но не се прикажува на Летните олимписки игри.

За три последователни настапи, домаќинот на Зимските олимписки игри вклучувале различни материјали во медалите: стакло (1992), спарагмит (1994), и лак (1998). Сè до игрите во 2008 година во Пекинг, Кина домаќинот олучил да искористи нешто поразлично, во овој случај жад. Додека пак обликот на медалите на Летните олимписки игри секогаш биле кружни со исклучок на игрите во 1900 година, облиците не амедалите на Зимските олимписки игри биле позначително различни. Медалите на Зимските олимписки игри воопшто биле поголеми, подебели и потешки од оние на Летните олимпшиски игри.

Remove ads

Поединечни изгледи на деталите

Изгледи на медалите на Летните олимписки игри

Детали за медалите за сите Летни олимписки игри:[16][17]

Повеќе информации Игри, Домаќин ...

Изглед на медалите на Зимските олимписки игри

Детали за медалите поединечно за сите Зимски олимписки игри:[3][19]

Повеќе информации Игри, Домаќин ...
Remove ads

Медали за учество

Уште од почетокот на современите олимписки игри спортистите и нивните придружници, па дури и официјални лица, и одредени доброволци вклучени во планирањето и спроведувањето на игрите им биле доделувани специјални медали и дипломи. Како и медалите за победниците и овие медали се менуваат за секоја олимпијада, при што тие се различни за Зимските и Летните олимписки игри.[21]

Галерија

Доделување

Thumb
Џим Торп го добива својот медал на 2012 година.

Доделувањето на медалите и наградите се има изменувано значителоно сè до 1932 година во Лос Анџелес го вовеле она што ќе стан стандард. Пред 1932 година сите медали биле доделувани на церемонијата на затворањето на игрите, при што спортистите носеле вечерно здолниште на првите неколку игри. Првично доделувачот на медалите бил во една положба додека пак спортистите минувале пред него за да ги добијат медалите. Победничкиот подиум бил воведен по лични препораки на Анри де Баје-Латур во 1931 година, кој го видел како се употребува на Британските империјални игри 1930 година.[23] Победникот е во средината и највисоко, добитникот на сребрениот медал е на десната страна а добитникот на бронзениот медал е на левата страна.[23] На Зимските олимписки игри 1932 година, медалите биле доделувани при свеченостите по повод затворањето на игрите, при што спортистите последователно се качувале на подиумот. На Летните олимписки игри, натпреварувачите во Колосеумот во Лос Анџелес ги добивале меалите веднаш по секој настан за првпат натпреварувачите од останатите стадиони доашале наредниот ден во Колосеумот за да ги добијат своите медали.[8][23] На подоцнежните игри имало победнички подиуми на секој стадион.

На Летните олимписки игри 1960 во Рим, Италија биле првите на кои медалите биле ставани на вратот на спортистите. Медалите виселе на вратот со помош на синџирчиња од ловорови листови, додека сега пак се обесени на обоена панделка.[16] Кога игрите биле одржани во Атина во 2004 година на натпреварувачите на подиумот им била доделувани и сплетени венчиња од маслинови гранки.

Remove ads

Поврзано

  • Летни олимписки монети
  • Зимски олимписки монети
  • Список на олимписки медалисти
  • Џејмс Брендан Коноли, добитникот на првиот медал
  • Медал „Пјер де Кубертен“, специјален медал доделуван од страна на МОК за спортување или значаен придонес кон олимпиското движење.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads