Фиџи на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фиџи првпат учествувал на Олимписки игри во 1956 година, и досега испратил натпреварувачи на дванаесет изданија од Летните олимписки игри и на три изданија од Зимските олимписки игри. Спортистите на Фиџи се натпреварувале во атлетика, џудо, стрелаштво, пливање и кревање тегови, но тие никогаш не освоиле олимписки медал [1]
До август 2011, два спортисти од Фиџи обезбедиле учество на Олимписки игри преку достигнување на потребната норма за учество. Тоа се Макелеси Буликиобо, која се квалификувала за трката на 400 метри на игрите во Пекинг во 2008, и Лесли Коупленд, кој обезбедил норма во дисциплината фрлање копје на игрите во Лондон во 2012.[2] На Зимските олимписки игри, за Фиџи настапиле Русиате Рогојава во скијачко трчање (1988, 1994) и Лоренс Томс во алпско скијање (2002).
Националниот олимписки комитет на Фиџи е основан во 1949 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1955 година.
Remove ads
Табела на медали
Медали на Летни олимписки игри
Медали на Зимски олимписки игри
Remove ads
Надворешни врски
- Fiji Архивирано на 5 август 2016 г.. Olympics на Sports-Reference.com
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads