Долно Осеново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Осеново — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 1.514 жители (2024).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Долно Осеново се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Симитли. Се наоѓа на јужните падини на планината Рила.
Во селото постои бања и одморалиште за капење од локално значење. Минералните извори имаат температура од 53 до 58,5 степени и вкупен проток од околу 180 литри на минута. Водата е сулфат-хидрокарбонат-натриум, флуор со минерализација од 0,57 грама на литар. Се користи за ревматски заболувања, болести на периферниот нервен систем, гинеколошки заболувања итн.
Remove ads
Историја
Во 1891 година во селото имало 245 домаќинства, 1200 Македонцимуслимани (Помаци) и 30 Македонци христијани.
Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Долно Осеново изнесувало 1864 жители, 300 Македонци христијани, 1550 Македонци муслимани и 14 Роми.[1][2]
Горно и Долно Осеново до 1960 година важеле за едно село, Осеново.
Демографија
На табелата е прикажан бројот на населението во Долно Осеново за периодот 1934-2011:
Етнички состав
Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 1.341 | 98,31 |
Роми | - | - |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | 7 | 0,51 |
не одговориле | 15 | 1,10 |
Вкупно | 1.364 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3]
Личности
- Георги Митов (1886 – 1922), македонски револуционер.
- Ибрахим Ботуш, македонски револуционер, деец на ВМРО.
- Салих, македонски револуционер, деец на ВМРО.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads