Османица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Османицаmap
Remove ads

Османица (грчки: Καλός Αγρός, Калос Агрос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Османица Καλός Αγρός, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 43 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 70 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото не е евидентирано, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 226 луѓе[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Калос Агрос[4].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле населени 266 грчки бегалски семејства со вкупно 1074 луѓе[3]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 1074 лица, додека во 1940 година селото броело 1367 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1509 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 915 жители, во 1981 година имало 1142 жители, додека во 1991 година имало 1016 жители[3]. Денеска, населението на селото 1178 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads