Осово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Осово (грчки: Σκιερὸ Ρέμα, во превод: Сенчеста Река; до 1969 г. Όσοβο[1]) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Рулска Река (Ладопотамос). Влегува во сливното подрачје на Бистрица.[2]
Remove ads
Опис
Реката извира во југоисточниот дел на Д’мбенска Планина северно под врвот Костолата (1.714 м). Тече на север и западно од врвот Караули (1.591 м) свртува на исток. Прима неколку притоки, неколку потоци кои извираат под врвовите Рамбатина (1.674 м), Караули, Попова Нива и Полени (1.632 м). Излегува од планината и се влева во Рулска Река северно од селото Габреш.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads