Корешта

историски регион на Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Корешта (дијалектно: Корешча; грцизирано: Κορέστια, Корестија) — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Го зафаќа северозападниот дел од денешната административна област Западна Македонија.

Thumb
Местоположба на Корештата

Потекло на името

Според некои грчки и македонски научници, името на оваа област произлегува од древномакедонската област Орестида.[1][2] Според Љубица Станковска, „Корешта“ доаѓа од личното име Корета.[3]

Историја

Корештата за првпат се среќава во грамота на византискиот цар Василиј II од 1019 г. во која се определуваат правата на Охридската архиепископија, на која ѝ е одземен статусот на патријаршија по поразот на Самуиловото Царство.

Географија

Корештата на северозапад се граничи со планината Корбец (Трикларио), на североисток со Бигла (Варнудас), на југоисток со областа Пополе и на југозапад со Нестрамско. Низ оваа област поминува Желевска Река (Рулска Река), а нејзина притока е Беличка Река.

Населени места

Thumb
Косинец во 2011 г.
Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш.

Корештата опфаќа вкупно 22 населени места, распоредени во четири општини во денешна Грција е едно село во денешна Албанија. Три села се сосема напуштени и отпишани како населени места, а од нив се останати само рушевини.

Повеќе информации Населено место, Грчки назив ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads