Остероде (округ)
округ во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Остероде (германски: Landkreis Osterode) — поранешен округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Се граничел со окрузите Гетинген, Нортхајм и Гослар како и со покраината Тирингија (окрузите Нордхаузен и Ајхсфелд). Округот се распуштил на 1 ноември 2016 година и влегол во составот на новиот округ Гетинген.
Remove ads
Историја
Почнувајќи од XII век, овој дел од Харц бил под власта на династијата Велфен. Остероде бил центар на кнежевството Брауншвајг-Грубенхаген, една од повеќето составни делови на војводството Брауншвајг-Линебург. Подоцна кнежевството потпаднало под власта на Хановер, кое пак во 1866 година е припоено кон Прусија. Во 1885 година пруските власти воспоставиле окрузи, меѓу кои и Остероде.
Географија
Преку две тритини од површината на округот му припаѓа на планинскиот масив Харц, вклучувајќи го јужниот дел на Националниот парк Харц.
Грб
Грбот прикажува два хералдички лавови. Лавот во горниот дел е од грбот на Хановер, додека долниот лав ја претставува династијата Велфен.
Градови и општини
Поврзано
Надворешни врски
![]() |
„Остероде“ на Ризницата ? |
- Портал на округот Остероде Архивирано на 17 декември 2014 г. (германски)
- Историја на Остероде (германски)
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads