Острилци

село во Општина Крушево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Острилциmap
Remove ads

Острилци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 до 920 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 1306.

Соседни села на Острилци се: Бирино од југоисток, Журче од југ, Растојца од запад, и градот Крушево, Долно Дивјаци и Арилево од север.

Remove ads

Историја

Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба.[3]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 11,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 832 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Острилци имало 300 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Острилци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Острилци е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 230, а во 1994 година 42 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Острилци живееле 32 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Острилци е македонско село.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници од непознато потекло: Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Караџовци или Петревци (6 к.), доселени се од селото Сошани, Дебрца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 80 г. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.
Remove ads

Општествени установи

  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Во XIX век, Острилци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1193 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[16]

Личности

Родени во или по потекло од Острилци

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads