Меѓународни води
води вон управната надлежност на поединечни држави From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меѓународни води или отворено море — водна површина која се наоѓа вон управната надлежност на било која поединечна земја. Такви површини можат да бидат океаните, големи морски екосистеми, затворени или полузатворени регионални мориња и естуари, реки, езера, подземни води и моклишта.[1]


Бидејќи отвореното море не припаѓа на ниедна земја, тоа се нарекува и „слободно море“ (латински: mare liberum). На овие слободни пространства, државите имаат право на стопански риболов, пловидба, прелет, поставање на кабли и цевководи, како и да вршат научни истражувања.
Според Конвенцијата за отвореното море од 1958 г. (63 потписнички), под поимот „отворено море“ се подразбираат „сите делови од морето кои не се опфатени од територијалните и внатрешните води на државата“ и каде „ниедна држава нема право да ја наметнува својата сувереност на било кој дел од нив.“[2] Оваа спогодба е земена како појдовен документ при изготвувањето на Конвенцијата на ООН за морското право, потпишана во 1982 г., со која е уредено дека крајбрежните држави имаат право на исклучив стопански појас од 200 морски милји од појдовната линија, со суверено право врз сета вода во него, морското дно, како и природните ресурси во нив.[3]
Отвореното море зафаќа 50 % од површината на Земјата и сочинува две третини од океаните.[4]
Бродовите што пловат по отворено море се водат под надлежноста на државата на знамето (ако ја има);[5] но доколку пловилото се занимава кривични дејства (на пр. со пиратство),[6] било која земја има право да се справува со него, согласно начелото на сеопшта надлежност. Меѓународните води особено се разликуваат од внатрешните води, територијалните води и исклучивите стопански појаси.
Remove ads
Меѓународни водни патишта
Слободната пловидба по полузатворени мориња е пропишана со неколку меѓународни договори.
- Копенхашка конвенција од 1857 г. овозможува пристп до Балтикот укинувајќи ги давачките за сообраќање низ данските протоци, со што тие станале меѓународен воден пат слободен за сите стопански и воени пловила.
- Неколку договори овозможуваат пристап низ Босфорот и Дарданелите за товарните пловила. Со Монтрејската конвенција турските протоци станале меѓународни водни патишта.
Други меѓународни договори овозможуваат слободен пристап по реките, кои традиционално не се сметаат за меѓународни водни патишта.
Remove ads
Спорови

Еве некои поважни спорови каде постои несогласување за тоа дали дадената водна површина треба да се смета за меѓународна:
- Северноледен Океан: Канада, Данска, Русија и Норвешка имаат свои делови од овој океан кои ги сметаат за државни или внатрешни води, иако највеќето земји од ЕУ и САД официјално го сметаат целиот регион за меѓународни води. Друг позначаен пример е Северозападниот Премин низ Канадскиот Арктички Архипелаг, кој Канада го смета за свои внатрешни води, додека пак САД и ЕУ го сметаат за меѓународен премин.[7]
- Јужен Океан: Австралија полага право на исклучив стопански појас (ИСС) околу своите антарктички територии. Бидејќи териториите се признаени само од неколку други земји, правото ИСС исто така е спорно.
- Подрачјето околу Окинотори: Јапонија се повикува на островче Окинотори како своја сопственост, и затоа смета дека истото треба да има ИСС околу него, но некои соседни земји го сметаат за атол, што би значело дека не му следува ИСС.
- Јужнокинеско Море: Некои земји го сметаат ова море (или барем негов дел) за меѓународни води, но овој став не е општоприфатен. НР Кина се противи на идејата исклучивиот стопансики појас да се дели со други со сили кои некогаш се занимавале со риболов во тие води, иако се повикува на свои историски права врз исклучивите стопански појаси на сите други држави што излегуваат на морето.[8]
Покрај формалните спорови, владата на Сомалија не ја наметнува контролата врз нејзините територијални води. Како последица од тоа, на подрачјето цвета пиратството, бесправното исфрлање на отпад и бесправниот стопански риболов.
Иако ваквата проблематика неретко е повод за конфликт, управувањето со водите дава можност за соработка помеѓу земјите, како поттикнувач на поопфатен социоекономски развој.[9] На пример, земјите од сливот на реката Сенегал кои соработуваат преку Организацијата за развој на реката Сенегал (ОМВС) имаат достигнато поголем социоекономски развој и совладано предизвиците поврзани со земјоделството и другите проблеми.[10]
Remove ads
Меѓународни договори за водите
Светски договори
- База на меѓународни договори за слатките води.[11]
- Годишник на меѓународната соработка за животната средина и договори за развојните профили за морската средина, живите морски и слатководни ресурси.[12]
- Конвенција за спречување на загадувањето на морињата со фрлање отпад и други материи (Лондонска конвенција од 1972 г.).[13]
- Меѓународна конвенција за спречување на загадувањето од бродови, Лондон, 1973 г. (МАРПОЛ)
- Конвенција на ООН за морското право од 1982 г. (особено одделите XII–XIV).[14]
- Конвенција на ООН за правото на непловидбена употреба на меѓународните водни патишта од 1997 г. (CIW) – нератификувана.[15]
- Прекуграничен договор за подземните води, Белаџовски нацрт — предложен, но непотпишан.[16]
- Други светски конвенции и договори кои ги засегаат меѓународните води:
- Рамсарска конвенција за моклиштата од 1971 г.[17]
- Конвенција за биоразновидноста од 1992 г.[18]
Регионални договори

Во Регионалната програма за морињата на УНЕП се опфатени барем десет договори,[19] меѓу кои:
- Атлантскиот брег на Западна и Средна Африка;[20]
- Североисточен Тихи Океан (Антигванска конвенција);
- Средоземно Море (Барселонска конвенција);
- пошироките Кариби (Картахенска конвенција);
- Југоисточен Тихи Океан;[21]
- Јужен Тихи Океан (Нумејска конвенција);
- Источноафрикански брег;[22]
- Кувајтски регон (Кувајтска конвенција);
- Црвено Море и Аденскиот Залив (Џедска конвекција).
Регионалните прашања во врска со слатките води се покриени со Хелсиншката конвенција од 1992 г. за заштита и исползување на прекуграничните водни патишта и меѓународните езера (УНЕЦЕ/Хелсиншка конвенција за водите)[23]
Договори за поединечни водни површини
- Балтичко Море (Хелсиншка конвенција за заштита на морската средина на Балтичкото Море, 1992 г.)[24]
- Црно Море (Букурешка конвенција)[25]
- Касписко Море (Рамковна конвенција за заштита на морската средина на Каспиското Море)[26]
- Тангањика (Договор за одржлив развој на езерото Тангањика)[27]
Меѓународни организации за водите
Слатководни
- Меѓународна хидролошка програма (ИХП) на УНЕСКО
- Меѓународна здружена комисија — Канада и САД (ИЈЦ-ЦМИ)
- Меѓународна мрежа на сливни организации (ИНБО)
- Меѓународен проект за управување со заеднички водоносници
- Меѓународна комисија за водните граници меѓу Мексико и САД
- Меѓународен институт за управување со водите (ИВМИ)
- Иницијатива за води и природа (ВАНИ) на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП)
Морски
- Меѓународна поморска организација (ИМО)
- Меѓународна управа за морското дно
- Меѓународна китоловна комисија
- Регионална програма за морињата на УНЕП
- Меѓувладина океанографска комисија (ИОЦ) на УНЕСКО
- Меѓународен океански институт
- Глобална поморско-поларна програма (ГМПП) на МСЗП
Remove ads
Поврзано
- Појдовна линија
- Континентален праг
- Исклучив стопански појас
- Хуго Гроциј
- Внатрешни води
- Територијални води
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads