ПУ „Илинден“ - Мождивњак II
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Мождивњак II“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Илинден“ - Мождивњак II; скратено: ПООУ „Илинден“) — подрачно основно училиште во селото Мождивњак, составен дел на истоименото училиште од градот Крива Паланка.[1]
Училиштето е именувано по востанието Илинден.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Мождивњак.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Објект
Училиштето било целосно реконструирано во текот на 2016 година, кога била извршена целосна замена на подовите, била променета столаријата и била направена нова наставничка канцеларија. Воедно, била извршена и целосна обнова на фасадата на училиштето.[2]
Галерија
- Кошаркарско игралиште во училишниот двор
- Влезот на училиштето
- Поглед на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads