Мождивњак
село во Општина Крива Паланка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мождивњак — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Крива Паланка, под северните падини на Осогово.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 580 до 780 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 13 километри.[2]
Куќите на селото се наоѓаат во долините на реките Можданица и Мождивњачка Река. Едната половина се наоѓа на планинска падина, додека друга половина непосредно во планинското подножје. Трета група на куќи пак е во близина на Крива Река. Околни села се: Псача на запад, Конопница и Борово на исток и Длабочица на север.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Стражин, Суводол, Чивлк, Облово, Лино Брдо, Бежанов Рид, Златар Градиште, Црквиште, Карпи, Поповица, Китка, Горни Мождивњак и Острец.[3]
Селото има разбиен тип. Се разликуваат следниве маала: Острец и Киселица на падините на Осогово, Чивлк, Суви Дол и Кајсторско во планинското подножје и Грамада во близина на Крива Река. Покрај маалата, селото може да се подели на Горни, Средни и Долни Мождивњак. Во Средни Мождивњак се наоѓа главната селска црква.[3]
Мождивњак се наоѓа во областа Славиште, со комплетен асфалтиран пат. На север се граничи со селата Длабочица и Т’лминци, на исток со селата Конопница и Борово, на југ со Општина Кратово и на запад со Општина Ранковце.
Remove ads
Историја

Во горниот дел на селото се наоѓаат месностите Градиште и Златар. Градиште е на возвишување на кое се познаваат ѕидини и биле откопани земјени ќупови. Во подножјето на Златар поминува Мождивњачка Река, во која се наоѓаат златни зрни.[3]
Поради поволниот атар на селото, истото влегува во старите населби во областа. Народната традиција пренесува дека селото е старо како и соседното село Псача, кое е споменато уште во средниот век. Се верува дека Горни Мождивњак е најстариот дел на селото.[3]
Во XIX век, Мождивњак било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Remove ads
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 12,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 627 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 424 хектари, а на пасиштата 125 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
До крајот на Втората светска војна, во селото било особено развиено сточарството.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мождивњак имало 675 жители, од кои 630 Македонци и 45 Роми.[4][5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мождивњак имало 680 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
По Првата светска војна селото било седиште на истоимената општина и имало 530 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[8]
Мождивњак е средно село по големина, без некои поголеми промени во населението. Така, селото во 1961 година броело 671 жител, додека во 1994 година имало 694 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мождивњак живееле 770 жители, од кои 769 Македонци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 692 жители, од кои 667 Македонци, 1 Србин, 7 останати и 17 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Мождивњак е македонско православно село. Родовите се делат на старинци и доселеници.[3]
Родови во селото се:
- Горни Мождивњак: Остречани (7 к.), живеат во маалото Острец, доселени се од кратовското село Нежилово, родот го основал Рајко; Киселичани (4 к.), живеат во маалото Киселица, доселени од споменатото село Нежилово;
- Средни Мождивњак: Суводолци (17 к.), живеат во маалото Суви Дол, најверојатно се староседелци; Кајсторци (16 к.), живеат во истоименото маало и тие се најверојатно староседелци; Ч'влчани (17 к.), доселени се од селото Петралица;
- Долни Мождивњак: Грамадци (4 к.), Џунерци (3 к.), Аџици (2 к.), Антовци (2 к.), Соколовци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Прекориѓани (2 к.), Чековци (1 к.) и Фудовци (1 к.), помеѓу овие родови некои се староседелци, а некое доселени од околината на Врање, така се Антовци по потекло од околината на Врање, таму утепале некој Турчин, па преминале во селото Нежилово, Кратовско. Од Нежилово во Мождивњак преминал Анто, а неговите браќа останале во Нежилово. Го знаат следното родословие: Станојко (жив на 57 г. во 1973 година) Јаќим-Ѓорѓе-Анто, основачот на родот.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[15]
- Староседелци: Ќуповци и Младеновци (3 к.), Соколовци и Ќупчето (4 к.), Менидолци и Спасовци (4 к.), Кутлишани (2 к.), Шапкалијци (1 к.) и Баба Калинци (2 к.);
- Со непознато потекло: Јовановци и Николовци (4 к.), Маринковци и Денковци со Стојановци (4 к.), Петревци (1 к.), Деа Павлевци (4 к.), Стевановци (4 к.), Цветановци (1 к.), Ѓошови и Стојанови (3 к.) и Алексинци и Филиповци (4 к.);
- Доселеници: Деа Стаменкови (6 к.), доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Кумановско; Рајковци (5 к.), доселени се околу 1818 година од околината на Врање во Србија; Кајсторци или Кумендарци (14 к.), доселени се околу 1828 година од околината на Врање; Качаровци (3 к.), доселени се околу 1854 година од околината на Врање; Маџови (3 к.), доселени се околу 1835 година од селото Конопница; Баратлијци (3 к.), доселени се од селото Баратлија кај Врање; Спаскови со Деа Стојановци (3 к.), доселени се околу 1840 година од селото Страцин кај Кратово; Деа Младеновци со Цветановци и Додевци (7 к.), доселени се околу 1855 година исто така од селото Страцин кај Кратово; Митенци (2 к.), доселени се околу 1858 година од селото Калиманци кај Виница; Антовци (2 к.), доселени се пред 1875 година од селото Нежилово кај Кратово; Стојовци (2 к.), доселени се после 1880 година од селото Крстов Дол; Крстовци (1 к.), доселени се од селото Крстов Дол; Деа Ристинци (2 к.), доселени се од селото Нежилово кај Кратово и Ѓоргијовци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Крстов Дол.
Remove ads
Општествени установи

- Пошта (1333)
- Подрачно основно училиште „Илинден“ или Мождивњак I во долниот дел на селото
- Подрачно основно училиште „Илинден“ или Мождивњак II во средниот дел на селото
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Борово, се наоѓале и селата Баштево, Длабочица, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Длабочица постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0965 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Мождивњак.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 474 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[18]
- Авлија — осамен наод од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Дуќаниште — населба од доцноантичкото време;
- Опашуљка — средновековна црква и некропола; и
- Црквиште — населба од доцноантичкото време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Троица“ — главна селска црква, сместена во Средни Мождивњак
- Реки[20]
- Мождивњачка Река — тече низ селото, се влева во Крива Река
Remove ads
Иселеништво
Покрај иселувањето на ромското население од селото, по војните се иселувало и другото население. Најголемо иселување се случило во периодот околу 1960 година. Од Мождивњак има колонисти во Банат.[3]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads