ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Лажец, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.[2]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Лажец, во непосредна близина на некогашниот задружен дом.
Градба
Објектот на училиштето е руиниран, при што најголем проблем претставува покривот на градбата. Покрај покривот, училиштето се соочува со проблеми во инвентарот и во внатрешноста на објектот.[3]
Во март 2019 година била извршена замена на печката за дрва, која се користи за загревање на училиштето. Воедно, отпочнале и активности за санација на покривната конструкција.[4]
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Галерија
- Поглед на училиштето (2018 г.)
- Детско игралиште
- Спортско игралиште
- Влезот
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads