ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Бач; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Бач, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.
Објект
Објектот на училиштето бил изграден во 1962 година и зафаќа површина од 732 м2.[2]
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]
Галерија
- Училишната зграда
- Игралиште во дворот на училиштето
- Лулашки во дворот на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads