ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш
Remove ads

Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Рапеш; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Рапеш, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.[1]

Кратки факти Славко Лумбарковски ...

Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.

Remove ads

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од Маково.

Објект

Објектот на училиштето бил изграден во 1937 година и зафаќа површина од 120 м2.[2]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads