Павликени

From Wikipedia, the free encyclopedia

Павликениmap
Remove ads

Павликени (бугарски: Павликени) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Павликени во Великотрновската Област. Има население од околу 9.986 жители (2022).[1]

Кратки факти Павликени Павликени, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Павликени се наоѓа на средишниот дел на Дунавската Рамнина. Градот се наоѓа на 38 километри од регионалниот центар Велико Трново и на 41 км од Горна Орјаховица.

Историја

Павликени бил центар на керамика и грнчарството во антиката за што сведочат остатоците од римско и тракиско време. Неговото име потекнува од Павлиќаните, христијанска секта населена во Тракија од Лав Исавријанецот. Денешната населба се појавила во 13-14 век како село првично наречено Маринополци.

За време на османлиското владеење на Бугарија, демографијата на селото значително се променила, бидејќи многу Турци се населиле, а Бугарите католици се иселиле во Хабсбуршката Монархија во 18 век. По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт во 18771878 година, Турците заминале во Анадолија, за да бидат заменети со Бугари Балканџии и од близките села во рамнините. По ослободувањето Павликени се развил како центар на занаетчиството и трговијата, при што биле изградени многу нови згради. Павликени го добил статусот на град во 1943 година благодарение на неговата значајна позиција на железничката линија Софија - Варна.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads