14
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
14 (XIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 14 година од новата ера, 14. од првиот милениум, 14. од I век и петта од 10-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5522 и 5523 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4764 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3774 и 3775 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 767.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 14 година се протега во 2650 и 2651, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2710 и 2711 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 557. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 627 и 626 година пред хиџра.

Remove ads
Настани
- Римскиот цар Август починал, и набргу после тоа е прогласен за бог. Го наследува посинокот на Тибериј;
- Во Римското Царство бил спроведен попис на населението според кој било утврдено дека 4,973,000 жители имале статус како граѓани;
- Клаудија Марчела се омажила за Секстус Апулеиус;
- Завршил хеленистичкиот период на уметноста, според некои толкувања (традиционалниот датум бил 31 п.н.е.);
- Кина гладува, терајќи ги луѓето да практикуваат канибализам.
Remove ads
Родени
- Лукиј Кекилиј Лукунд, римски банкар.
Починале
- Римскиот цар Август;
- Јулија Постарата, ќерка на царот Август;
- Постумус Агрипа, внук на римскиот цар Август.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads