Падма

река во Бангладеш From Wikipedia, the free encyclopedia

Падмаmap
Remove ads

Падма (бенгалски: পদ্মা, romanized: Padmā) — голема река во Бангладеш. Претставува источна и главна растока на Ганг и тече на југоисток во растојание од 356 км до нејзиниот влив во Мегна кај Бенгалскиот Залив.[1] На нејзините брегови е сместен градот Раџшахи.[2] Од 1966 г. наваму изгубени се над 66.000 хектари земја поради ерозијата на оваа река.[3]

Кратки факти Падма পদ্মা নদী, Местоположба ...
Thumb
Падма на карта на Бангладеш.
Remove ads

Потекло на името

Поимот „падма“ е санскритски збор за лотосовиот цвет, и во хиндуистичките списи се споменува како прекар на божицата Лакшми.[4]

Thumb
Хардинговиот мост

Гранична улога

Реката Падма ја образува државната граница помеѓу Бангладеш и Индија, двоејќи го округот Раџшахи од бангладешка страна од округот Муршидабад во Западен Бенгал, Индија.[5][6] Подрачјето на Џаланги во Муршидабад е тешко погодено од ерозија на брегот на Падма.[7]

Инфраструктура

Брана

По изградбата на регулативната брана „Фарака“ на реката Ганг во Западен Бенгал, максималниот проток на Падма заначително опаднал. Ова предизвикало многу проблеми во Бангладеш, како загуба на видови риби, пресушување на растоките на Падма, покачено надоаѓање на морска вода од Бенгалскиот Залив и штети врз мангровските шуми на природната област Сундарбан.[8]

Мост „Падма“

Мостот „Падма“ е најголемиот мост во Бангладеш, со цена на чинење од 3 милијарди долари. Пуштен е во употреба на 25 јуни 2022 г.[9] Првично намерата била да се пушти во 2013 г., но иднината на проектот станала неизвесна кога во јуни 2012 г. Светската банка го отповикала заемот од 1,2 милијарди долари поради обвинувања за корупција.[10] Во јуни 2014 г. владата на Бангладеш продолжила со работите без заемот и најмила кинеско претпријатие да го изгради главниот потег на мостот долг 6,15 км. Во октомври 2014 г. најмена е јужнокорејска фирма за надгледување на изградбата, со цел проектот да биде завршен до 2018 г.[11] Последниот (41-ви) потег на мостот е поставен на 10 декември 2020 г..[12][13] Последниот коловозен дел е поставен на 24 август 2021 г..[14][15]

Во 2009 г. владата имала намера да изгради и железнички пруги на обете страни на Падма, кои би биле поврзани со новиот мост.[16]

Понатаму спротиводно реката ја преминуваат и мостовите „Лалон Шах“ и Хардинговиот мост.

Поврзано

  • Мегна
  • Географија на Бангладеш

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads