Палавковците Влатко и Емче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Палавковците Влатко и Емче
Remove ads

„Палавковците Влатко и Емче“ е илустрирана книга за деца. Според книгата создаден е и истоимениот стрип „Палавковците Влатко и Емче“[1] кој, од 2023 година, редовно се објавува во книжевниот прилог „Колибри“[2], во весникот „Нова Македонија“ од Скопје. Автор на текстот и на илустрациите во книгата и во стрипот е македонскиот писател Владо Јаневски.

Кратки факти Автор, Земја ...
Remove ads

Накратко за Палавковците

Се работи за ведро книжевно и ликовно остварување кое изобилува со хумор наменет како за младите читатели, така и за нивните родители.

  • Главните ликови во книгата[3] „Палавковците Влатко и Емче“, и во истоимениот стрип, се двајца палавковци, малечкиот Влатко и неговата симпатија Емче. Тука се и исто толку палавите баба и дедо, потоа мајката и таткото на Влатко, како и итриот црн мачор, неразбраното куче и ред други интересни ликови.
  • Сите случки во книгата и стрипот се прикажани како кратки епизоди со куси дијалози, најчесто прашање и одговор, во некоја секојдневна или во сосема неочекувана ситуација. Резултатот е комичен и ведар и понекогаш тера на размислување.
  • Главните ликови се претставени низ призма на детската љубопитност, луцидност, досетливост, зачуденост.
Remove ads

Осврти кон „Палавковците Влатко и Емче“

Осврт на Владимир Мартиновски (книжевен критичар, писател и поет):

  • Иако главните ликови (Влатко и Емче) носат пелени и се претставени како деца, тие и обајцата имаат нешто „старомало” во карактерите. Нивната палавост, како главна и најдрагоцена состојка на детската спонтаност, ги прави симпатични и привлечни, а посебно интересно е што наизменично се надитруваат и надмудруваат, така што хуморот е добро балансиран и не се добива впечаток дека само едниот е предмет на подбив и потсмев. Мошне значаен лик во сцените е бабата (а некогаш и мајката), со чија помош е овозможена драматургијата на судирот меѓу различните генерации.
  • Придобивките за младите читатели од оваа дружењето со Влатко и Емче се повеќекратни: преку хуморот тие се мотивираат да ја протолкуваат и да ја разберат психологијата на ликовите преку само една реплика. Сцените функционираат како комични драмски ситуации или илустрирани куси вицови, а младите читатели на забавен начин следат различни драматуршки и хуморни тактики. На тој начин, оваа книга кај младите ја стимулира креативноста, досетливоста, ведрината и критичкиот дух.
  • Книгата е значајна бидејќи го поттикнува развојот на еден од најзначајните квалитети на една личност, која дава нов квалитет на животот, а тоа е смислата за хумор.

Осврт на Маја Петрушевска, (уредничка во Би-би-си во Лондон):

Другарувањето со „Палавковците Влатко и Емче“ започна од нивното „раѓање“, кога едно утро се појавија на нивната страница[4]. Два симпатични, само што проодени ликови, кои со својот хумор и мудрост ми станаа неразделен дел од утринската рутина, придружници на првиот утрински чај.

  • Влатко и Емче, несебично ја споделуваат со нас, читателите, непораснатите и пораснатите деца, својата досетливост и хумор преку секојдневни ситуации во кои честопати и ние самите се препознаваме. Тие пленат со својата ненадмена мудрост, во исто време доловувајќи ја детската наивност и искреност на прекрасен македонски јазик. Нивните реченици се јасни и разбирливи, и без напор ја доловуваат суштината на одредената ситуација.
  • Кога се дружите со Влатко, не може а да не ја обожувате неговата целосна посветенот и љубов кон Емче. Неодолива е неговата енергија и катадневните обиди да ја освои малата Емче. Не му е лесно да се натпреварува со конкуренцијата, нејзиниот црн мачор кој без многу да се труди го има нејзиното целосно внимание.
  • Емче пак, е вистинска мала умница. Нејзините, навидум едноставни, одговори имаат филозофска тежина разбирлива за сите возрасти. Како на пример , кога Влатко ја прашува: „Емче, дали имаш сè што е потребно за да успееш во животот“, таа му одговара: „Да, се родив.“ Со само тие три збора Емче дава одговор кој го поттикнува читателот да запре, да размисли и да ја разбере вредноста на изреченото.
  • Секако, тука е и ликот на мајката на Влатко, присутна во дијалогот но отсутна во цртежот. Со секоја реплика, посакувате да ја видите. За разлика од неа, бабата на Влатко е видлива. Со нејзиното бастунче се потпира себе си и е поткрепа на малиот Влатко.
  • Хуморот на палавковците Влатко и Емче е интелигентен, ненаметлив, секогаш со порака. Авторот Владо Јаневски е одличен набљудувач на секојдневието и овој пат го одбира цртежот како медиум кој навидум без напор се надополнува со дијалогот. Неговите цртежи ја раскажуваат приказната самостојно, без непотребни детали: карактерите се лесно препознатливи и запаметливи, со едноставен но моќен колорит. Текстот е секогаш во функција на ликовната фабула што ја прави разбирлива за децата од најмала возраст, но и за возрасните кои заедно или самостојно ги споделуваат авантурите на Влатко и Емче.
  • Палавковците Влатко и Емче се вистинско освежување за македонскиот читател од секоја возраст. Не се сомневам дека многумина ќе уживаат во нивните мудрости кои ќе ги поттикнат читателите да ѕирнат под навидум едноставниот дијалог и ќе ги препознаат и разберат нивните пораки за искреност, љубов, живот.
Remove ads

Технички одлики

  • Книгата „Палавковците Влатко и Емче“, со обем од 42 страници и со димензии од 23 сантиметри, каталогизирана е во библиографско-каталошката база на податоци COBIB.MK[5] и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4719-27-4. Книгата е објавена во 2023 година, од издавачката куќа „Стрип-Квадрат[6] од Скопје.
  • Објавувањето на книгата било финансиски помогнато од Министерството за култура на Македонија.
  • Стрипот „Палавковците Влатко и Емче“ редовно се објавува секој вторник како стрип серијал, во печатена и во дигитална верзија, на страниците во книжевниот прилог за деца „Колибри“ во весникот „Нова Македонија“ од Скопје.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads