Владо Јаневски (писател)
македонски писател, сликар, автор на стрипови и истражувач From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владо Јаневски ― македонски писател, сликар, автор на стрипови и истражувач.
Животопис
Владо Јаневски е роден во Прострање, Македонија. Детството го поминал во Велмевци и Битола каде завршил гимназија, високо образование стекнал на УКИМ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија и честопати патува по светот (престојувал во шеесетина земји). Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Застапен е во повеќе антологии и во списанија за литература: „Маргина“, „Книжевни елементи“, „Балкански книжевен гласник“, „Современост“, „Стремеж“, и во прилозите „Колибри“ и „Лик“ („Нова Македонија“).
Како сликар изложувал во Сиднеј и онлајн (Art by Vlado Janevski - Enough Love or Gravity)[1]. Неговите слики се дел од приватни колекции во повеќе земји во светот. Во Македонија учествувал во ликовната колонија во Крушево. Како стрип автор редовно објавува епизоди од неговиот стрип „Палавковците Влатко и Емче”[2] во прилогот „Колибри”, во весникот „Нова Македонија”. Објавувал и карикатури во познатиот австралиски магазин „The Bulletin with Newsweek“. Ангажиран е како уредник за книжевно и ликовно творештво во австралискиот магазин „Везилка“ каде што претставува македонски автори кои живеат надвор од Македонија. Во Австралија се занимавал и со истражување и развој (Research and Development)[3] на полето на технологијата и бил дел од истражувачки тимови на познати светски компании, како БП (The British Petroleum Company)[4], АЛС (ALS Limited)[5], Кастрол (Castrol)[6], каде го дал својот допринес формулирајќи голем број на производи за индустријата.
Активно твори (проза и поезија) на македонски и англиски јазик. Преведува од англиски.
Remove ads
Творештво и објавени дела
Романи за возрасни:
- „Смртта не е крај“[7] („Арс Ламина“, Скопје, 2022), ISBN 9786082675251
- „Мртвите знаат најдобро“[8] („Арс Ламина“, Скопје, 2020), ISBN 9786082671437
- „Чудо зад аголот“[9] („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), ISBN 9786084858157
- „Под друга капа“[10] („Магор“, Скопје, 2019), ISBN 9786082236261
- „Made in Jabana“[11] („Слово“, Скопје, 2004), ISBN 9989103267
Раскази за возрасни:
- „Вол во ректум“[12], наградуван расказ, (во „Раскажи ми“ во РадиоМов.мк, 2023)
- „Бегство“[13], наградуван расказ, (во „Нова Македонија“, 2021)
- „Трка”[14], наградуван расказ, (под псевдоним: bromofon, во „Електролит“, 2007)
- „Семе”[15], наградуван расказ, (под псевдоним: bromofon, во „Електролит“, 2007)
- „Професионалец“[16], наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006)
- „Абер отаде“[17], наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006)
- „Не е за објавување”[18], наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006)
- „Нема враќање“[19], збирка наградувани раскази, („Студентски збор“, Скопје, 1985), CIP - Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 88.6-31
Графички новели (kindle books):
Книги за деца:
- „Палавковците Влатко и Емче“[25], илустрирана книга, („Стрип-Квадрат“, Скопје, 2023), ISBN 9786084719274
- „Луѓето и змејовите“[26], илустрирана книга, („Арс Ламина“, Скопје, 2023, дел од едицијата „Нови бајки од Македонија“), ISBN 9786082678085
- „Детелинки белинки“[27], застапен во збирката современи бајки со бајката „Папагалот и кучето“, („Арс Ламина“, Скопје, 2022), ISBN 9786082676265
Зборници и антологии:
- „Културен печат – интервјуа и разговори“[28] 2022 година, книга од Тони Димков
- „Современи кратки книжевни форми“[29] („Инаку“, Скопје, 2022)
- „Песни за Скопје“[30] („Феникс“, Скопје, 2021)
- „Современи авторски бајки“[31] („Феникс“, Скопје, 2021)
- Зборник „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“, Сиднеј 2003
- Зборник со љубовна поезија „Коти на копнежи и страст", Сиднеј 2003
- Зборник поезија „Поетски иселенички меридијани"[32], Скопје 1996
- Антологија „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј 1996
Remove ads
Награди:
- „Скрипт фест“ - награда за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ во 2021 година, за сценариото „Под друга капа“[33].
- Награда „Пегаз“ - за најдобар необјавен роман на годината во Македонија за 2020 година за романот „Мртвите знаат најдобро“[8].
- Награда за краток расказ - Многупати бил наградуван на конкурсите за раскази на весникот „Студентски збор“ и на весникот „Нова Македонија“. Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за краток расказ „Електролит“ (2006, 2007)[34] на „Темплум“ од Скопје, под псевдонимите bushy meat и bromofon.
- Награда за бајката „Змејови и луѓе“ – на конкурсот „Современи бајки од Македонија“[35], 2021.
- Награда за бајката „Папагалот и кучето“ - на конкурсот „Современи бајки од Македонија“, 2021.
Интервјуа и претставувања
- Средба со писателот Владо Јаневски во „Литература.мк“ Архивирано на 11 ноември 2023 г.
- Писателот Владо Јаневски: Патувањата низ светот ми се најголема инспирација за пишување
- Интервју со Владо Јаневски, македонски писател во Австралија: Би било идеално целосно да се посветам на пишувањето
- Интервју со писателот Владо Јаневски: Малку треба да ви се сруши светот за кој сте мислеле дека ве заштитува
- Аудио интервју со повод на SBS – Австралија: Ново книжевно остварување на Владо Јаневски
- Интервју со писателот Владо Јаневски: Најголем предизвик ми бил и сè уште е – да не си го заборавам мајчиниот јазик
- Претставување на Goodreads
- Истакнати иселеници: интервју со Владо Јаневски - писател и мултимедијален уметник Архивирано на 12 ноември 2023 г.
- Читачот за „Мртвите знаат најдобро“
- „Теорија на свеста“ извадок од роман на Владо Јаневски
- Онлајн промоција на „Мртвите знаат најдобро“
- Интервју: Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји
- Авторски профил: Владо Јаневски
- Интервју со Владо Јаневски
- „Дали сум Ози?“ (Am I an Aussie?) од Владо Јаневски
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads