Паласова мачка
вид животно од семејството на мачките From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Паласовата мачка или манул (Otocolobus manul) е вид на цицач од семејството на мачки (Felidae). Името го добила по германскиот научник Петер Палас, кој ја открил во 18 век, на брегот на Каспиското Езеро. [1] Таа е мала дива мачка со долго и густо светло сиво крзно, и заоблени уши поставени ниско на страните на главата. Должината на главата и телото се движи од 46 до 65 см, со бушава опашка долга од 21 до 31 см. Добро е камуфлирана и прилагодена на студена континентална клима во своето природно живеалиште, кое се карактеризира со малку врнежи од дожд и големи температурни разлики.


Паласовата мачка првпат била опишана во 1776 година од Питер Симон Палас. Оттогаш, мачката била забележана во голем регион на Централна Азија, на широко распространети локации од Кавказ, Иранската висорамнина, Хиндукуш, делови од Хималаите, Тибетската висорамнина до регионот Алтај-Сајан и Јужно- Сибирските планини. Населува карпести планински пасишта и грмушки, каде снежната покривка е под 15-20 см. Наоѓа засолниште во пукнатини и дупки на карпите, а пленот првенствено се зајковидни и глодари. Женката напролет раѓа меѓу две и шест мачиња.
Поради широкиот опсег на живеалиштето и претпоставената голема популација, Паласовата мачка е од 2020 година, наведена како најмалку загрозен вид на Црвената листа на IUCN. Некои популациски групи се загрозени од ловокрадство, намален број на плен поради програмите за контрола и ерадикација на глодари и уништување на живеалиштата како резултат на рударски и инфраструктурни проекти.
Паласовата мачка се чува во зоолошките градини од раните 1950-ти. Од 2018 година 60 зоолошки градини во Европа, Русија, Северна Америка и Јапонија учествувале во програмите за размножување во заробеништво.
Видот е присутен во Азербејџан, Авганистан, Индија, Иран, Ерменија, Казахстан, Кина, Киргистан, Монголија, Пакистан, Русија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Паласовата мачка била прикажана на рускиот интернет меме познат како „Мачорот милениче“ претставен во 2008 година; Мемето е слика на Паласовата мачка која го поканува читателот да ја погали во натписот на сликата. [2] [3] Во 2012 година, Паласовата мачка станала маскота на зоолошката градина во Москва. [4]
Remove ads
Опис и изглед

Паласовата мачка е месојаден цицач од семејството на мачки. Паласовата мачка е со големина на домашна мачка (Felis catus). [5] [6] [7] Крзното е густо и долго на изглед кадифесто. Должината на телото со глава е од 46 до 65 см, а опашка е долга од 21 до 31 см. Тежи 2,5 до 4,5 кг. [8] [9] [10] [11] [12] Мажјаците се малку поголеми од женките. [13] .
Паласовата мачка има прилично необичен изглед, има кратки и дебели нозе, а телото во целина изгледа масивно поради бујното крзно. Опашката е рамномерно широка,мека, растресита и со заоблен врв. Главата и е мала, со сферична форма, на образите има прамени од долги влакна. Ушите се мали, заоблени, ниски и широко разделени. [6] [14] Очите се големи, високо поставени и блиски. [13] [10] Се смета дека оваа структура на главата и дава предност на Паласовата мачка при лов, што и овозможува подобро да се крие пред да нападне и да покаже само мал дел од своето тело кога го следи пленот. [11] Канџите и се остри, странично поставени и можат да се вовлечат. [15]
Крзно и боја
Крзното на Паласовата мачка е светло сиво со окер или бледо жолтеникаво-црвеникави нијанси. [7] Врвовите на крзното може да се со бела или црна боја. Крзното е сиво и густо со дамки помалку видливи во зима отколку во лето. [16] :668–669 Челото и горниот дел од главата се светло сиви со мали црни дамки. Има две црни цик-цак линии на образите кои се протегаат од аглите на очите до зглобовите на вилицата. [7] Брадата, мустаќите, долните и горните усни се бели. [16] :669 Има тесни црни ленти на грбот, составени од пет до седум темни попречни линии низ долниот дел на грбот. [7] Нејзината сива опашка има седум тесни црни прстени и црн врв. [16] Влакната на подкрзното се долги 40мм и дебели 19 μm и заштитните влакна се долги до 69мм долга и 93 μm дебели на грбот. Нејзиното заштитно крзно е меко и густо со дури до 9.000 влакна / cm2. [16] :666
Ушите на Паласовата мачка се сиви со жолтеникави нијанси од грбната страна и со темни рабови, од предната страна и во ушите внатре има бели влакна. Заоблени уши се поставени ниско на страните, така што може да ѕирка над предмети и да покаже само релативно мал дел од главата над очите без да се видат ушите. [17] Очите се опкружени со бела рамка. Ирисот е жолтеникав, а нејзината зеница се собира во мали кружни дискови на сонце. [17] :301 Кај Felinae таа карактеристика на тркалезни зеници ја споделува со видовите Puma, Jaguarundi и Acinonyx . [18]
Remove ads
Етимологија
„Манул“ е монголското име на Паласовата мачка. На киргистански јазик се нарекува „манол“. [19]
Во културата
Сликите на Паласовата мачка може да се најдат на поштенски марки и монети од различни земји. На пример, во 2016 г во Русија биле издадени комеморативни монети од серијата „Црвена книга“ посветена на Паласовата мачка. [20]
- Карнет поштенска марка на Азербејџан (2016)
- Поштенска марка на Азербејџан (1994)
- Поштенска марка на Киргистан (2008)
- Поштенска марка на Русија (2014)
- Поштенска марка на Таџикистан (2002)
- Колекционерска монета на Русија (2016)
- Грб на регионот Сретен во регионот Забајкал
- Бар релјеф на влезот во зоолошката градина во Москва (стар, пред реконструкција)
- Бар релјефот на Паласовата мачка, новиот влез во зоолошката градина во Москва
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads