Панде Јаревски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Панде Јаревски (роден на 24 април 1922 година во Буково) — илустратор и еден од основачите на македонската современа карикатура[1].

Животопис

Панде Јаревски е роден на 24 април 1922 година во село Буково, Битолско, во земјоделско-печалбарско семејство. Основно и средно училиште завршува во Битола каде и матурирал во 1940 година. Учесник е во НОБ. По ослободувањето ја посетувал - Париската дописна школа за цртање и илустрирање. Првите новински карикатури ги објавил во весникот „Единство“ од Скопје каде бил ангажиран како професионален карикатурист - илустратор во 1950 година. Од 1950 година бил избран за член на редакцијата на списанието „Остен“. Од 1953 година е редовен карикатурист и илустратор во весникот „Нова Македонија“. Свои карикатури објавувал и во: „Народна задруга“, подоцна „Трибина“, „Вечер“, „Трудбеник“, „Стопански весник“, „Млад борец[2].

Remove ads

Творештво

Покрај бројните карикатури објавувани најчесто во весникот „Нова Македонија“и списанието „ Остен“ се занимавал и со илустрации на книги за деца а за „Просветно дело“ илустрира и поголем број учебници за основните училишта, кои биле издадени и печатени на македонски, албански и турски јазик.

Во 1976 година го објавил зборникот на карикатури „Длабоко орање – тематски цртан хумор за село“, во кој биле ретроспективно собрани и публикувани неговите карикатури. Реализирал повеќе изложби на карикатури особено во Галријата „Остен“, како и учествувал во традиционалната „Светска галерија на карикатури“ во Скопје.

Автор е и на еден од првите македонски стрипови објавен по ослободувањето - „Чорбаџи Вангел прислушкуе“ од 1946 година, објавен во весникот „Единство“. Создал и серија на цртани филмови за деца под наслов „ПРИКАЗНИ ОД ДЕДОВОТО ЛУЛЕ“ според мотиви од Марко Цепенков, прикажувани на Македонската телевизија во 70-те години.

Remove ads

Награди

  • Спомен-плакета за долгогодишна соработка во издавачката дејност, издавачкото претпријатие „Просветно дело“,
  • Награда „13 Ноември“ на град Скопје за публицистичка дејност од областа на „Новинската карикатура“

Публикации

  • Итар Пејо- Македонски хумористични приказни“ од Стале Попов - илустрации[3].
  • Илустрации за книгоиздателството „Македонска книга“ од Скопје
  • Немирни години“ - (романизирана повест за царот Самоил)“ - од Драган Ташковски - изработка на илустрации
  • Карпош - македонскиот селски крал“ (Романизирана повест за Карпошовото востание) - Драган Ташковски - изработка на илустрации
  • Детски раскази“ - Владимир Назор - изработка на илустрации
  • Гриваревите деца “ - Франц Бевк - илустрации
  • Басни“ - Крилов - изработка на илустрации
  • Првите цутови“ од Борис Бојаџиски - изработка на илустрации
  • Македонски народни приказни“ - изработка на илустрации
  • Вели Јоже“ - Владимир Назор - изработка на илустрации
  • Волшебното самарче“ - Ванчо Николески - изработка на илустрации
  • Ајдучка легенда“ - Карел Чапек - изработка на илустрации
  • Црвениот гусар“ - Џемс Фенимор Купер - изработка на илустрации
  • Барон Минхаузен“ - Готфрид Аугуст Биргер - изработка на илустрации
  • Деца јунаци“ - Македонски јуначки народни песни - изработка на илустрации
  • Раскази за деца“ – Марко Цепенков - изработка на илустрации
  • Десет сликовници за деца од Марко Цепенков - изработка на илустрации
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads