Албански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Албански јазик (ендоним: shqip [ʃcip] ⓘ) е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.
Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.
Remove ads
Историја

За точното потекло на албанскиот јазик сè уште се расправа, но тој често се поврзува со античкиот илирски јазик поради географски и историски причини. Најстариот сочуван писмен запис на албански јазик - Словото за крштевање (Formula e pagëzimit) датира од 15 век. Тоа е една реченица во едно писмо на латински јазик од католичкиот надбискуп Павел Ангел од 1462 год. Дополнително, најстарата книга на албански јазик е еден католички молитвеник Мешари (Мисал), издадена од Ѓон Бузуку во 1555 година. Оваа книга е значајна пресвртница во албанската литература и дава вредни сознанија за јазикот и неговата употреба во тој период. Сепак, самиот јазик е многу постар, со корени од раните индоевропски миграции на Балканот.
Во 1908 година, Битолскиот конгрес одиграл клучна улога во стандардизирањето на албанската азбука, усвојувајќи изменета верзија на латинското писмо.
Remove ads
Дијалекти

Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот службен стгатус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се заснова на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата „Предавство“ напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се заснова на тој дијалект[2] .
Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик[2].
Remove ads
Граматика
Именки
- Член
Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:
- -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, а за сите други -i.
- mal - mali (планина - планината), ujk - ujku (волк - волкот)
- -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
- verturë - vetura (автомобил - автомобилот), pallto - palltoja (палто - палтото)
- за именките од среден род (малку на број) се користи членот -t.
За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними (Shkup - Shkupi, итн).
Броеви
|
Фонетика
A | B | C | Ç | D | DH | E | Ë | F | G | GJ | H | I | J | K | L | LL | M | N | NJ | O | P | Q | R | RR | S | SH | T | TH | U | V | X | XH | Y | Z | ZH |
a | b | c | ç | d | dh | e | ë | f | g | gj | h | i | j | k | l | ll | m | n | nj | o | p | q | r | rr | s | sh | t | th | u | v | x | xh | y | z | zh |
а | б | ц | ч | д | нема | е | ' | ф | г | ѓ | х | и | ј | к | љ | л | м | н | њ | о | п | ќ | нема | р | с | ш | т | нема | у | в | ѕ | џ | нема | з | ж |
a | b | ʦ | ʧ | d | ð | ɛ | ə | f | g | ɟ | h | i | j | k | l | ɫ | m | n | ɲ | ɔ | p | c | ɾ | r | s | ʃ | t | θ | u | v | ʣ | ʤ | y | z | ʒ |
Примери
- да- po
- не- jo
- здраво- tungjatjeta
- Јас зборувам...- Unë flas...
- македонски- maqedonisht
- албански- shqip
- Јас не разбирам...- Unë nuk kuptoj...
- и- dhe
- но- apo
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads