Велешки партизански одред „Димитар Влахов“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Велешки партизански одред „Димитар Влахов“
Remove ads

Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“ — партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во атарот на селото Габровник во втората половина на месец септември 1942 година во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „Пере Тошев“ и новопристигнати борци[1]. Дејствувајќи по чети и одделемнија (десетини), во периодот од септември до ноември 1942 година, извршил акции и водел борба со бугарската војска и полиција, ги прекунувал и ги уривал ПТТ врските, ги уништувал општинските архиви, напаѓал полициски станици, ги разоружувал селските стражи и формирал НОО во селата Бистрица, Богомила, Чашка, Десово, Нежилово, Поменово, Црешнево, Селци, Лисиче, Катланово, Горно Количани, на железничката станица „Клајман“ денешна ЖС „Васил Антевски - Дрен“, рудникот за момирок кај селото Степанци и др.[1].

Thumb
Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ (1942 година)
Кратки факти Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, Активна ...

Исто така, на 29 ноември во селото ’Рлевци ја разоружал селската контрачета, на 4 декември кај с.Папрадиште водел борба со делови од велешката контрачета, а втората чете на Одредот била опколена од бугарската војска кај селото Војница и при пробојот кон Тиквешијата на 17.XII имала осетни загуби[1]. Загуби имал и во борбите со надмоќните бугарски сили кај селата Дреново и Зелениково и на планината Лисец во декември 1942[1]. Поради отежнатите услови на дејствување, преостанатите борци преминале во илегалство. Одделните групи правеле безуспешни обиди да се префрлат на теренот на Скопска Црна Гора[1]. Во пролетта 1943 година, дел од преживеаните борци влегле во составот на тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а други 15 борци формирале истоимена Партизанска група „Димитар Влахов“ и дејствувале во областа Азот, а потоа се упатиле за Дебрца каде на 18 август 1943 влегле во составот на првоформираниот Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“[1]. Бидејќи е формиран во Велешко познат е и како Велешки народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, а бидејќи голем дел од борците биле од Прилеп и Прилепско познат е и како Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“[1].

Remove ads

Состав на одредот

Одредот се состоел од 95 борци, од кои 73 биле од Велес, 9 од Прилеп, 5 од Куманово, 4 од Скопje, 2 од Кавадарци, по 1 од Битолa и Неготино. Во 1967 година се одржала средба на партизаните од одредот, при која 47 лица биле живи, 44 загинале, а 4 починале.[2].

Список на партизаните

Прва чета – 24 борци: Тоде Бисинов (Велес), Боро Божиновски – Прцан, Стојан Бурчевски (Буридан), Раде Бурчевски (с.Рудник), Коле Воденичаров (Шубиќ- Куманово), Мирко Грков, Благој Давков, Љубе Здравковски, Благој Јосмов, Јордан Јордановски, Богдан Каракостев, Трајко Капчев, Нонча Камишова, Ѓоре Крстев, Благој Кирков, Јовче Митев, Јордан Мартиновски, Димко Митревски, Боро Петрушевски (Папучар), Панче Пешев, Борис Таневски (Лубуриќ), Ќамуран Тахири, Коле Цветковски (Бала) и Киро Ќучук (Себура)

Втора чета – 31 борец: Јован Андреев (с. Војница), Перко Андреев (с. Степанци), Нада Бутникошарова, Ѓорѓи Бобевски, Богдан Видовски (с. Војница), Славе Давчев, Борис Дурчев (с. Војница), Дончо Димов (с. Војница), Павле Игновски (Секула), Родна Ивева, Благој Јанушев, Стојан Јанев, Димче Јовевски (с. Војница), Илом Климкаров, Анде Кошулчев, Јордан Лазаревски (Цвајот), Кочо Мешков (с. Ваташа), Миле Милевски, Киро Неделков, Благој Неделков (с. Војница), Трајче Панов, Коле Петков (Даскалот, с. Ораовец), Славе Петков, Орце Ризов, Благој Страчков, Коле Стојанов, Јово Сеизов (Кавадарци), Ѓорѓи Темелков, Тодор Трчков, Благојка Џалева, Јордан Џурнов

3 чета – 29 борци: Ружа Бак (Скопје), Јован Басаров, Тошо Бондикев, Боце Боцевски, Василко Василков (с. Габровник), Седат Вели, Маца Георгиева (Овчарова), Љубе Зафиров, Стоилко Иванов (Планински), Тоде Jaнев, Дико Jосифовски, Ико Капчев, Велимир Кожинкаров (с. Габровник), Владо Кошулчев, Трајко Купенков, Стеван Малинов, Мегди Мустафов (с. Сливник), Ристо Најдов (Мајка), Невена Георгиева (Дуња), Душан Перов (с. Габровник), Трајче Петкановски, Страхил Пинев, Благој Сребров, Апостол Ставровски (с. Богомила), Јордан Теов (с. Мартолци), БлагоЈ Целцев, Александар Христовски (Дума – Битола), Орце Шутев.

4 чета – 7 борци: Илија Андреевски (Кагин-Прилеп), Киро Базарко (Прилеп), Пецо Крстески, политички комесар (Даскалот-Прилеп), Александар Крстевски-(Јулски), Симо Секуловски (Јоска – Прилеп), Драган Спирковски (Максо-Прилеп).

Команден кадар

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads