Паничари

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Паничариmap
Remove ads

Паничари — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 261 жител.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Општина Сарај. Селото е планинско.

Историја

Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската каза, Отоманско Царство. Според податоците на Васил К’нчов, селото во 1900 година имало населениеод 165 жители Албанци муслимани.[2] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 23 куќи со 174 жители Албанци.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

По Балканските војни е забележано со 130 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 261 жител, од кои 260 Албанци и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 107 Албанци и 23 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Паничари е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници

  • Кокош (18 к.) за нивното потекло ништо не се знае, или несакаат да кажат. Возможно е да се староседелци.
  • Мирте (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле двајца браќа. Едниот се населил во селото Арнакија, а другиот во Паничари. Потомците на двајцата браќа и денес се сметаат за блиски роднини. Овде живеат од средината на XIX век.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads