Панче Неделковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Панче Неделковски
Remove ads

Панче Неделковски – Полошки (24 април 1912 Скопје11 октомври 1945 во Кралево, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, заменик-командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, полковник на ЈНА.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Биста на Панче Неделковски во близина на Музејот на илегалните работилници за време на НОВ во Скопје

Завршил гимназија во Скопје, а потоа дипломирал на Воената академија во Белград во 1934 година и станал пешадиски офицер. Воената воздухопловна школа ја завршил во 1938 година и станал воен пилот. Во Априлската војна бил заробен во Сараево и одведен во логор во Нирнберг, Германија. Софија го ослободува, но бидејќи се декларира како Македонец повторно бил вратен во логор каде останал до првата половина на 1942 година.

По враќањето во Македонија се вработил во рудникот Радуша, Скопско. Таму се поврзал со тамошните комунисти, а во летото 1943 година станал борец на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“.

Израснува во врвен борец и раководител, па кон крајот на 1943 година бил назначен за заменик-командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На оваа позиција останува до крајот на војната, а за тоа време непосредно ги раководел Февруарскиот поход и воените операции во Пролетната офанзива во 1944 година. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Со наредба на врховниот командант на НОВ и ПОЈ бил произведен во чин потполковник.

По ослободувањето во 1945 година Панче Неделковски бил унапреден во чин полковник и назначен за началник на Оперативниот оддел при Штабот на воздухопловството на ЈНА во Земун. Загинал на 11 октомври 1945 година во авионска несреќа на пат кон Скопје.[2]

Загинување

Во 1945 година, по повод една година слободна Македонија, на централната прослава во Скопје на 11 октомври бил поканет и Панче Неделковски, кој во тоа време бил на служба во Белград. Но, на пат за Скопје, по полетувањето од Краљево, тој загинал во авионска несреќа во мистериозни околности. Според кажувањата на очевидци: „Во Краљево стигнале без никакви проблеми. Меѓутоа, само што летнале од аеродромот за Скопје, на надморска висина од 100 метри, авионот одеднаш почнал да паѓа, а според други се запалил и паднал во реката Ибар, близу градот. Сите патници и пилотот загинале“.

Веднаш била покрената официјална постапка за утврдување на причините за несреќата. Воздухопловната команда формирала неколку комисии, но за нивните наоди никогаш не биле известени ниту јавноста, ниту семејствата на загинатите. Иако семејствата барале да се разјаснат причините за авионската несреќа, наодите од истрагата останале тајна.

Во недостаток на вистински информации, во јавноста се ширеле разни претпоставки за причината на авионската несреќа, односно дека се работи за саботажа од страна на непријателските елементи. Како виновници биле посочени прочетничките елементи меѓу техничкиот персонал во Краљево. Според една од верзиите тие намерно ја олабавиле елисата на авионот, а според втората авионот снемал бензин, бидејќи резервоарот бил продупчен на неколку места. Според други сомневања, со посочувањето на вината на прочетничките елементи во овој повоен период, лесно можело да се прикријат трагите од евентуалните чистки со лица кои имале изразито промакедонски ставови.[3]

Неговата смрт и денес останува неразјаснета.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads