Парагвај (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Парагвај (шпански: Río Paraguay, португалски: Rio Paraguai, гварански: Ysyry Paraguái) е една од главните реки во централниот дел на Јужна Америка. Реката извира во сојузната држава Мато Гросо до Сул во Бразил, а потоа тече низ Боливија, Парагвај и Аргентина. Вкупната должина на реката изнесува 2621 километар.[1] Реката се соединува со реката Парана, јужно од Асунсион. По реката е именувана и државата Парагвај.
- За другите значења на поимот „Парагвај“ видете ја страницата за појаснување.
Remove ads
Тек
Изворот на Патагвај е јужно од Дијамантино во Мато Гросо, Бразил. Општо гледано, реката тече југозападно, и поминува низ бразилскиот град Касерес, а потоа свртува јужно, поминувајќи низ долините на Пантанал, градот Корумба, а понатака покрај бразилско-боливиската граница. Од градот Пуерто Бахија Негра, реката е всушност граница помеѓу Бразил и Парагвај. Реката Парагвај ја пресекува државата Парагвај речини на половина. Западниот дел на државата е Гран Чако и е слабо населен, а источнот дел на државата е густо пошумен и доста населен. Реката поминува во главниот град на Парагвај, Асунсион. Од Асунсион јужно на 275 км се соединува со реката Парана во Аргентина.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads