Парана (река)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Парана (река)
Remove ads

Парана (шпански: Río Paraná, португалски: Rio Paraná, гварански: Ysyry Parana) е река во централна Јужна Америка, која извира во Бразил и тече низ Бразил, Парагвај и Аргентина. Реката има вкупна должина од 4880 километри.[1] Парана е втора најдолга река во Јужна Америка, веднаш зад Амазон. Името на реката е скратеница од туписката изрека „para rehe onáva“, што значи „како морето“. Во реката Парана се влева реката Парагвај, а потоа Парана се спојува со реката Уругвај. Реките Уругвај и Парана го создаватат естуарот Рио де ла Плата во Аргентина.

Кратки факти Земји, Регион ...
Remove ads

Тек

Во најгорниот тек на реката Парана се спојуваат двете помали реки Паранаиба и Рио Гранде. Овие реки ја формираат Парана во јужен Бразил. Од спјот на реките, Парана тече во јужен правец. Во подолниот тек на реката Парана, поточно 200 км од течението на реката е всушност природната граница помеѓу Бразил и Парагвај, сè до вливот на реката Игуазу. По вливот на реката Игуазу всушност се формира природната граница помеѓу Парагвај и Аргентина. По границата меѓу Аргентина и Парагвај, во Парана се влева реката Парагвај. Реката продолжува да тече низ територијата на Аргентина. Реката Парана пред да се влева во Атлантскиот Океан преку Рио де ла Плата се спојува со реката Уругвај.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads